Нашиот професионален тим ќе ви го овозможи најбезбедниот и најефикасен третман во борбата со канцерот. Дозволете да бидеме ваша поддршка и заедно да создадеме нов свет на надеж, верба и љубов кон животот.

 

ЖИВОТ СО КАНЦЕР

ЗАКАЖИ ПРЕГЛЕД ONLINE

 

НАШИОТ ТИМ
Клиничката болница „Аџибадем Систина“ располага со високостручен тим професионалци со долгогодишно искуство од сите области на медицината. Долгогодишното искуство надополнето со врвната медицинска опрема влева сигурност и доверба кај нашите пациенти чиј број секојдневно се зголемува.


  • Д-р Лилјана Муратовска 
    Специјалист по нуклеарна медицина
    Нуклеарна медицина

    Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Прочитај повеќе

За рано дијагностицирање на малигните заболувања од особена важност се превентивните прегледи. За одредени карциноми нема скрининг. Дел од карциномите, кои се и најчести, можат да се откријат со редовни превентивни прегледи.Таму каде што има превентивни прегледи, како карцином на дојка, на грло на матка, дебело црево, простата и малигнен меланом, може во значителен процент да се намали смртноста бидејќи се овозможува рано откривање на болеста.

Превентивните прегледи се состојат од едноставни тестови за здравата популација, која нема симптоми. На пример, карциномот на дојката може лесно да се дијагностицира доколку редовно правите ехо на дојки и мамографија. Секоја жена на возраст над 40 години треба еднаш на две години да направи мамографија, а на возраст од 50 години овој скрининг треба да се спроведува кај секоја жена еднаш годишно. Кај помладите, пак, над 20 години се препорачуваат редовни ехо прегледи на дојка.

Карциномот на грлото на матката може да се дијагностицира преку ПАП тест. Целта на превентивните гинеколошки прегледи е откривање на промените на грлото на матката пред да се развие малигната болест. Што порано се дијагностицира, шансите за излекување се поголеми. Во почетниот стадиум болеста најчесто нема никакви симптоми. Се препорачува еднаш годишно секоја жена да направи гинеколошки преглед кој вклучува ехо и ПАП тест.

Многу е важно да ги почитувате советите на докторите и во зависност од вашата возраст да правите редовни скрининг тестови. На пример, еден од најважните превентивни прегледи што треба да бидат направени кај секој маж е прегледот на простатата. Карциномот на простата, како и дебелото црево, е поврзан со возраста и најчесто се јавува кај мажи над 50-годишна возраст. Скринингот на простата вклучува одредување на PSA тумор маркер, ректален преглед и ехо еднаш годишно. Скринингот за карцином на дебелото црево е многу важен за мажи и жени над 50 години. Овој скрининг вклучува тест за фекално крвавење и колоноскопија.

 

НОВОСТИ И НАСТАНИ

Д-р Душко Михајлоски: Магнетната резонанца 3 Tesla ќе донесе нова ера во дијагностиката

Инвестирањето во најсовремениот апарат за магнетна резонанца 3 Tesla е уште една потврда за определбата на „Аџибадем Систина“ да биде лидер во… Read More

MRI 3 Tesla - Нова ера во дијагностиката

MRI 3 Tesla претставува најсовремен апарат за магнетна резонанца, кој за првпат во…

Радиохирургија на револуционерниот TRILOGY единствено во „Аџибадем Систина“

Радиохирургијата е тип на зрачна терапија со која се третираат тумори, најчесто во…

СВЕДОШТВА

Човечноста е заштитен знак за „Аџибадем Систина“

Извор: Hello Magazin Сите ја обожаваат, ѝ се восхитуваат и ја сакаат. Но, кога лично ќе ја запознаете веднаш сфаќате и зошто. Едноставно ве маѓепсува… Read More

Language