Стапката на успех во лекувањето канцер се подобрува преку конзилиуми составени од страна на специјалисти кои се занимаваат со лекување на пациенти кои имаат канцер.
Која е функцијата на конзилиумот?
Во последните години примената на конзилиумите стана сe почеста и со текот на времето конзилиумите за која било болест се составени од специјалисти од повеќе области. Третманот на канцер, исто така, бара вклученост на повеќе специјалисти од различни области. Во текот на состаноците одржани од страна на конзилиумот лекари, специјалистите кои ги третираат пациентите со канцер заедно носат одлуки во врска со моменталната состојба на пациентите, како и за нивното понатамошно лекување. Дискусијата за пациентите со малигна болест е со цел да се одреди најсоодветниот пристап за лекување на пациентите. Фактот дека за пациентот се разговара мултидисциплинарно игра клучна улога во пристапот до актуелните информации во врска со лекувањето на болеста.
Какви предности им нудат конзилиумите на пациентите?
Конзилиумот им обезбедува низа предности на пациентите. Благодарение на ова тело пациентите не треба да ги посетуваат специјалистите еден по еден, сите аспекти на болеста се истражени, оценети и потврдени. Кога се постапува на овој начин, пациентите се чувствуваат посигурно.
Како работат конзилиумите за малигни болни во болницата „Аџибадем Систина“
Во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ дијагнозата и планирањето за лекување се обезбедуваат по пат на конзилиум. Пациентот се испитува детално и на тој начин се добиваат најефикасните решенија за третман на канцерот. Прво се спроведува прелиминарна подготовка за случаите што ќе бидат доставени, а потоа се составува конзилиумот со специјалисти кои можат да одговорат на тие случаи. Најважно е дека процесот на заедничко одлучување обезбедува поделба на одговорноста. Ваквиот мултидисциплинарен пристап ја зголемува стапката на успешност во третманот на канцер.