ACIBADEM HEALTHCARE GROUP


 
Acibadem е најголемата приватна здравствена групација во Турција, која започна со работа во 1991 година. Групацијата нуди врвна дијагноза и третман со висококвалификуван професионален кадар, најсовремена медицинска технологија, модерна инфраструктура и работа според JCI медицински стандарди. 

Групацијата се состои со 16 целосно опремени болници и 11 медицински центри. Со тим од 2,200 лекари, 3,500 медицински сестри и 6,500 помошен персонал, Acibadem е интегрирана здравствена мрежа која нуди услуги надвор од болниците: Acıbadem Project Management дизајнира, гради и подготвува клучни проекти за болници во Турција и надвор од земјата. Acıbadem Insurance обезбедува здравствено и животно осигурување и TPA услуги. Acıbadem Mobile нуди итна медицинска помош. A-Plus нуди услуги за одржување на објекти како што се кетеринг, перење и чистење. Acıbadem Labs овозможува голем спектар на лабораториски услуги од типот на генетика, патологија, како и банка за матични клетки. На крај, Acıbadem University е посветен на едукација и усовршување на медицински кадри во својот медицински факултет.

Денеска Acibadem е референтен здравствен центар за многу комплексни болести кои бараат искуство и третман со најсовремена технологија. Нашите 5 центри за канцер (хирургија, радиотерапија, хемотерапија), 10 центри за срцеви болести (педијатрија, кардиологија и кардиохирургија), 9 центри за ин витро фертилизација (IVF), 5 центри за трансплантација (црн дроб, бубрег, коскена срж), 3 центри за ’рбет и зглобови, 1 центар за спортска медицина, 6 центри за нуклеарна медицина и 3 центри за Да Винчи роботска хирургија се национално и меѓународно познати референтни центри опремени со врвна технологија и високо професионален кадар кои работат во служба на здравјето на пациентите. 

Acibadem од јануари 2012 година е дел од втората најголема здравствена групација во светот IHH-International Healthcare Holdings.

СВЕДОШТВА

Човечноста е заштитен знак за „Аџибадем Систина“

Извор: Hello Magazin Сите ја обожаваат, ѝ се восхитуваат и ја сакаат. Но, кога лично ќе ја запознаете веднаш сфаќате и зошто. Едноставно ве маѓепсува… Read More

НОВОСТИ И НАСТАНИ

Д-р Душко Михајлоски: Магнетната резонанца 3 Tesla ќе донесе нова ера во дијагностиката

Инвестирањето во најсовремениот апарат за магнетна резонанца 3 Tesla е уште една потврда за определбата на „Аџибадем Систина“ да биде лидер во… Read More

MRI 3 Tesla - Нова ера во дијагностиката

MRI 3 Tesla претставува најсовремен апарат за магнетна резонанца, кој за првпат во…

Радиохирургија на револуционерниот TRILOGY единствено во „Аџибадем Систина“

Радиохирургијата е тип на зрачна терапија со која се третираат тумори, најчесто во…

Language