Хистопатологија

Хистопатолошката анализа игра огромна улога во дијагностицирањето на малигните болести бидејќи 70% од болестите се дијагностицираат микроскопски. Покрај поставувањето дијагноза, хистопатолошките наоди даваат јасна насока во решавањето на понатамошниот третман на пациентот. 

ПУНКЦИОНА БИОПСИЈА

Една од методите кои овозможуваат брза дијагностика на болеста е цитологијата, односно пункционата биопсија. Тоа е ориентациона метода која овозможува да се утврди дали соодветната промена која претходно е видена на ехо, рендген или е видлива со голо око, е бенигна или малигна. Пункцијата е лесна и безболна метода со која се вадат клетки од промената со тенка игла под вакуум и се прави размаска. Пункцијата се прави под контрола на ехо за да бидеме сигурни дека примерокот е точно од местото на промената. Тоа што се гледа под микроскоп се клетките од промената и врз основа на наодот извештајот од цитолошкиот наод се класифицира во 5 групи:

  • група 1 – промената е бенигна;
  • група 2 – промената е бенигна со воспалителен карактер;
  • група 3 – промената е најверојатно бенигна, но содржи атипични клетки кои може да се резултат на реактивни промени во ткивото или се навистина добро диференцирани туморски клетки. Ваков наод мора понатаму да се докаже со биопсија на ткиво за да се отфрли или докаже сомнението за присуство на тумор.
  • група 4 – промената е веројатно малигна, но во размаските има мал број  клетки кои не ги задоволуваат критериумите за дефинитивна потврда на присуство на малигни тумор. Во овој случај или се повторува пункцијата или се прави биопсија на ткивото.
  • група 5 – пунктираната промена содржи малигни клетки и туморот мора да се извади.

БИОПСИЈА

Биопсијата на ткиво е важна процедура при докажување на тумори или промени на органи и ткива и се состои во вадење парче од ткивото што мора да се проследи на микроскоп.

Најчесто при биопсијата, за да се потврди сомневањето на одреден тумор се прават дополнителни специјални и имунохистохемиски испитувања. Оваа процедура се нарекува дијагностичка имунохистохемија.

Кај биоптичните наоди постојат неколку понатамошни опции:

  • Ако е оскуден материјалот од биопсијата, процедурата се повторува;
  • Ако е адекватен материјалот во смисла на добро изработена биопсија, тогаш резултатот укажува дали се работи за бенигнен или малигнен тумор;
  • Ако е бенигнен тумор, тој се оперира хируршки
  • Ако е малигнен тумор, хирургот проценува дали туморот може да се отстрани
  •  Доколку не може да се отстрани по хируршки пат, пациентот се спроведува на понатамошен онколошки третман (хемотерапија, радиотерапија, и сл.) 

ОДРЕДУВАЊЕ СТАДИУМ НА БОЛЕСТА

Една од важните алки во дијагностиката на малигните тумори е одредување на стадиумот на болеста. Зависно во кој стадиум е откриен наодот од тоа ќе зависи дали пациентот има потреба од онколошки третман. За потврда на дијагнозата се прават дополнителни имунохистохемиски испитувања, но овој пат во одредување на соодветен лек што ќе му овозможи на онкологот да препише точна терапија. Оваа постапка се нарекува терапевтска имунохистохемија.

 

 

СВЕДОШТВА

Човечноста е заштитен знак за „Аџибадем Систина“

Извор: Hello Magazin Сите ја обожаваат, ѝ се восхитуваат и ја сакаат. Но, кога лично ќе ја запознаете веднаш сфаќате и зошто. Едноставно ве маѓепсува… Read More

НОВОСТИ И НАСТАНИ

Д-р Душко Михајлоски: Магнетната резонанца 3 Tesla ќе донесе нова ера во дијагностиката

Инвестирањето во најсовремениот апарат за магнетна резонанца 3 Tesla е уште една потврда за определбата на „Аџибадем Систина“ да биде лидер во… Read More

MRI 3 Tesla - Нова ера во дијагностиката

MRI 3 Tesla претставува најсовремен апарат за магнетна резонанца, кој за првпат во…

Радиохирургија на револуционерниот TRILOGY единствено во „Аџибадем Систина“

Радиохирургијата е тип на зрачна терапија со која се третираат тумори, најчесто во…

Language