Канцерот може да се појави во секој период од детството. Раната дијагноза и правилниот третман доведува до успешно лекување кај 60-70 % од пациентите.

Што претставува?

Канцерот во детската возраст претставува неконтролирано ширење на клетките во одредена регија и по кратко време преку крвта или лимфата се шири во друга регија и претставува заболување опасно по живот. Карциномот може да се појави во секој период почнувајќи од новороденче па сѐ до младоста, но најчесто се јавува во првите 5 години од животот. Доколку се дијагностицира во почетен стадиум и се спроведе правилен третман, шансите за целосно излекување се движат од 60 до 70 %.

Кои се симптомите?

Симптомите на канцерот во детската возраст зависат од видот на заболувањето, стадиумот и локацијата на канцерот.

•Бледило, изнемоштеност,

•Честа температура,

•Модринки по кожата,

•Безболен оток во лимфните жлезди кај вратот, пазувите и/или препоните

•Оток во одреден дел од телото (стомак, раце, нозе, површината на градите, череп, грб итн.)

•Крвавење од носот, непцето,

•Крв во урина или столица,

•Тешкотии при уринирање или промени во дебелото црево (запек, дијареа),

•Болка во коските,

•Тешкотии при дишење и кашлање,

•Главоболка и повраќање во утринските часови,

•Нарушувања во видот,

•Страбизам, осетливост на светло на очите кај бебињата, или неправилни движења,

•Темни модринки во пределот на очите,

•Нарушувања во одот, губење рамнотежа,

•Постојана температура,

•Промена на ликот,

•Губење на тежината,

•Неразвиени моторни функции (правилно држење на главата, вртење, седење, одење)

Доколку симптомите траат подолг временски период, а испитувањата и терапијата не даваат резултати, пациентите треба да се консултираат со специјалисти за педијатриска онкологија-хематологија во добро опремена болница за подетални испитувања.

Кој вид канцер може да се развие кај децата?

Леукемија -  Канцер на крвта или познат како леукемија најчесто може да се појави во детската возраст (има два вида, лимфобластна и не-лимфобластна)  во принцип е заболување на коскената срцевина. Може да се јави во секоја возраст и почесто се среќава кај машката популација.

•Рак на лимфни јазли - Познат како лимфома; Хоџкинсовата болест и не-Хоџгинс лимфоми претставуваат две главни групи коишто понатаму се делат во подгрупи. Лимфното ткиво најчесто се наоѓа во вратот, градната шуплина и абдоменот. Некои видови лимфоми се познати како Епштајн Баров вирус и како хепатитис Ц, и за ваквите вируси сѐ уште нема вакцина.

•Тумори на мозокот најчесто го сочинуваат следните подгрупи: глиомите, медулобластом, епендимом, PNET, хориоиден плексус и се класифицираат според типот на клетката, репродуктивниот потенцијал и местото на настанување.

•Невробластомот - Се забележува најчесто во првите две години и се развива од нервните клетки, но може да се шири и од раѓање. Се забележува во надбубрежните жлезди во пределот на стомакот, градната шуплина и вратот. Може да се прошири преку коските во коскената срцевина и да предизвика леукемија.

•Мекоткивен сарком - Може да се забележи на меките ткива. Постојат две главни групи, рабдомиосарком и не-рабдомиосарком. Може да се појави во секоја возраст и опасноста се одредува според видот на клетките.

•Карцином на бубрег - Овој карцином најчесто се појавува во првите 5 години и е познат како Вилмс нефробластома. Меѓутоа, постојат и карциноми коишто се создаваат од различни ткива.

•Коскен карцином - Постојат две главни групи на карцином на коските: остеосарком и Јуинговиот сарком, познат како карцином што забрзува раст и се забележува почесто кај повозрасните.

•Карцином на око - Најчест канцер, од карциномите на окото, е ретинобластома, меѓутоа постојат и други видови канцер кои можат да се прошират во окото, како на пример канцер на нерв, леукемија, лимфома, невробластом, саркома на меко ткиво и др.

Микробни клетки на канцер - Можат да се појават на секоја возраст, во репродуктивните органи или мозокот, како и во другите делови од телото, и се дели на повеќе подгрупи.

•Карцином на црниот дроб - Може да се појави на секоја возраст. Најчестите видови се хепатобластома и хепатоцелуларен карцином. Најчесто се развива од вирусот хепатитис Б, за кој постои вакцина.

•Други карциноми - тироиден, назофаринкс, кожа итн.

Како се дијагностицира?

Симптомите и резултатите варираат, најчесто наликуваат на симптоми предизвикани од присуство на бактерија или вирусна инфекција, крвавење и оток предизвикан од траума. Поради тоа се користат дијагностичките методи чија цел е да се направи разлика. Како методи на дијагноза се употребуваат:

•Крвна слика;

•Крвен примерок (вид на клетките)

•Седиментација (стапка на намалување на еритоцитите)

•Испитувања за идентификација на вирусни заболувања

•Диференцијална дијагноза за туберкулоза (PPD, култура)

•Целосна анализа на урината

•Испитување на столицата

•Ултразвук на граден кош

•Ултразвук на врат

•Абдоминален ултразвук

•Ултразвук на бубрези

Испитувања кои се прават доколку постои сомневање за канцер:

•Аспирација и биопсија на коскена срцевина

•Компјутерска томографија на градниот кош (CT)

•Магнетна резонанца на мозок (MGR)

•Магнетна резонанца на стомак

•CT и MGR на коските и другите делови од телото

•Позитрон емисиона томографија на лимфомите (PET CT)

•Испитување на тумор маркери кај одредени ензими и протеини (LDH, NSE, алфа-фето протеин, бета HCG, феритин, допамин, норадреналин, VMA, HVA и др.)

За крајна дијагноза се зема примерок за биопсија од заболеното ткиво и се испитува во патохистолошка лабораторија, имунологија и молекуларна генетика. Примерокот е потребен со цел да се утврди канцерот и подгрупата на канцерот. Доколку не е даден примерок за дијагноза, не треба да се започне со терапија. Дијагнозата може да се постави од 2 до 10 дена по биопсијата. Во некои случаи биопсијата може да се повтори. Откако ќе се одреди видот на канцерот, стручниот тим ја планира терапијата и ги известува родителите на пациентот. Откако ќе се открие фазата на заболувањето, се започнува со терапијата.

Доколку има сомнеж дека заболувањето се проширило на другите органи и ткива, се прават дополнителни испитувања со CT, MRG и сцинтиографија. Пред третманот, со цел да се утврди функцијата на другите органи, се прават испитувања на крвта, урината, EKG и ултразвук. Откако ќе се утврди дијагнозата, треба веднаш да се започне со третманот прифатен според светските стандарди. Пред да се започне со третманот, специјалистите треба да ги известат родителите за формата на третманот, начинот на примена на третманот, шансите за успех на терапијата и несакани дејства. 

Каква терапија се применува?

Терапијата на канцерот кај децата зависи од возраста на пациентот, видот на заболување, место и област на канцерот. Тимот од специјалисти кој работи на терапијата го сочинува специјалист по педијатриска онкологија и хематологија, специјалист по детска хирургија, хирург за онкологија и специјалист за радиолошка онкологија. Овие специјалисти играат голема улога во процесот на лекување.

Како се третира?

•Хемотерапија: терапија со лекови која влијае врз размножувањето на клетките. Повеќето лекови се аплицираат интравенски преку катетер. Терапијата се повторува периодично под надзор на специјалист по педијатриска онкологија и се спроведува од страна на медицинската сестра. Хемотерапијата се врши во добро опремени болници со цел да се намалат несаканите дејства кои можат да произлезат. Хемотерапијата се применува според фазата на канцерот. Се применува пред и/или по операција и може да трае од 6 месеци до 3 години. Хемотерапијата предизвикува бројни несакани дејства за кои родителите мора да бидат информирани од страна на специјалистот.

•Операција: метод на третман кој се употребува кај сите видови канцер освен кај леукемијата и лимфомата. Во принцип, може да се употреби кај сите видови рак во рана фаза без да се отстрани органот. По операцијата може да се продолжи со хемотерапија. Доколку станува збор за канцер во напредна фаза, со цел да не се отстранува органот најпрво се пристапува со хемотерапија за да се намали големината, потоа се прави операција.

•Радиотерапија: се прави со зрачење. Дозата со високо зрачење врз клетките може да ги уништи или да го спречи нивното ширење. Кај децата во првите 3-5 години не се употребува поради брзиот раст на телото. Кај некои видови канцер се употребува како дополнителна терапија заедно со хемотерапијата и операцијата. За несаканите дејствија специјалистот треба да ги извести родителите. Меѓутоа, современата радиотерапија влијае само врз заразеното ткиво и не предизвикува друга штета.

•Трансплантација на коскена срж/матични клетки: се применува во случај кога постои голем ризик од хемотерапијата или по висока доза на хемотерапија. Коскената срж или матичните клетки кои служат за трансплантација можат да бидат лично од пациентот (автологни) или од донатор (алогени). Доколку се извршила хемотерапија пред трансплантацијата, може да се појават инфекции, крвавење и може да доведе до отфрлање на ткивото. Со методот со трансплантација на коскена срж се зголемуваат можностите за закрепнување, но постои ризик од повторно појавување на заболувањето.

•Придружни терапии: ваквиот вид третман со лекови е многу важен, се користи за подготовка на хемотерапија со цел да се намалат нагоните за повраќање и гадење, да се заштитат здравите органи, но помага и при спречување на анемија, фебрилна инфекција и крвавење, се користи и како антимикробна терапија, поддршка во исхраната и психолошка поддршка.

•Комплементарните, алтернативните методи и методите со билни растенија: не се препорачуваат кога станува збор за канцер кај децата бидејќи можат да му наштетат на пациентот.

Шансите за успех се големи

Со правилната терапија, шансите за успех се 60-70%. Доколку канцерот се открие во рана фаза, шансите за успех се дури и до 90%, но доколку се открие во подоцнежна фаза, можностите за успех се намалуваат за 10%. Поради ова раната дијагноза е многу важна.

По терапијата

Во првите пет години по терапијата пациентот се следи поради повторна појава на заболувањето, како и поради несакани дејствија кои можат да се појават. Се прават испитувања на крвта, урината и бубрези согласно со заболувањето и направената терапија и доколку е потребно, се прави испитување на коскената срж. За тоа време пациентот подлежи на физикална и социјална рехабилитација, се враќа во училиште и во социјалната средина, го усогласува спиењето и исхраната, прави напори за да се заштити од инфективни заболувања, имунитетот го подобрува со примање вакцини. По терапијата детето не смее да консумира цигари и алкохол.

 

 

НОВОСТИ И НАСТАНИ

Д-р Душко Михајлоски: Магнетната резонанца 3 Tesla ќе донесе нова ера во дијагностиката

Инвестирањето во најсовремениот апарат за магнетна резонанца 3 Tesla е уште една потврда за определбата на „Аџибадем Систина“ да биде лидер во… Read More

MRI 3 Tesla - Нова ера во дијагностиката

MRI 3 Tesla претставува најсовремен апарат за магнетна резонанца, кој за првпат во…

Радиохирургија на револуционерниот TRILOGY единствено во „Аџибадем Систина“

Радиохирургијата е тип на зрачна терапија со која се третираат тумори, најчесто во…

СВЕДОШТВА

Човечноста е заштитен знак за „Аџибадем Систина“

Извор: Hello Magazin Сите ја обожаваат, ѝ се восхитуваат и ја сакаат. Но, кога лично ќе ја запознаете веднаш сфаќате и зошто. Едноставно ве маѓепсува… Read More

Language