Интервју со Гуркем Гунгор, медицински и нуклеарен физичар од Здравствената групација Аџибадем

Акцелераторот TRILOGY е најмоќниот сојузник во борбата со канцерот

Пациентите со малигни болести од земјава и целиот регион имаат привилегија што во Македонија e отворен Центар за радиотерапија кој го поседува Trilogy. Овој моќен акцелератор, без двоумење, е најдобриот избор за зрачен третман во светот. Гуркем Гункор, кој повеќе од 8 години работи со акцелераторот Trilogy, ги потенцираше главните причини зошто оваа машина донесе револуција во радиотерапијата.

 

 „TRILOGY акцелераторот е една од најновите генерации линеарни акцелератори во светот со кој може да ги третирате сите типови канцер. Еден од најголемите предизвици во радиотерапијата е да имате машина што ќе може истовремено да ги третира туморите со мал волумен и туморите со поголем размер. Со Trilogy тоа е возможно. На овој акцелератор може прецизно да се третираат лезии со пречник од 1 цм, како и тумори со големина од 40 цм. Овие предности и уште многу други се резултат на трите техники со кои располага акцелераторот (IMRT, IGRT и SRT/SRC). Една од главните предности на Trilogy машината е можноста за IGRT, односно можност за следење на зрачниот третман преку слики. Со неговата примена имаме повратен одговор во истиот момент дали сè е в ред со текот на зрачниот третман, дали сè се одвива според планот, дали зрачниот третман е директно насочен кон туморот... Ваквата предност значи многу за целокупниот третман на пациентот. Се намалува времето на третманот и, што е најважно, третманот е ефикасен и целосно насочен кон лезијата, а околното ткиво останува здраво", вели Гуркем.

Зрачна терапија без IGRT техника е како да возите со затворени очи

„Најголемиот број линеарни акцелератори немаат можност за IGRT. Моето досегашно искуство кажува дека спроведување на зрачна терапија без да имате IGRT е исто како да возите со затворени очи. Вие почнувате да возите, но не знаете во која насока се движите и каде може да завршите. Другата техника со која располага Trilogy, IMRT, овозможува распределба на висока зрачна доза која е максимално прилагодена на туморот. Со оваа техника се третираат лезии со комплексна форма, односно со нерегуларни димензии. Предноста на SRT/SRC радиотерапијата е можноста за третман на мали лезии при што се користат прецизни зраци кои стигнуваат и до најмалите тумори.

Затоа, можам да кажам дека Центарот за радиотерапија кој е опремен со Trilogy има можност да ги третира сите видови тумори. Македонците ја имаат таа привилегија и среќа во нивната држава да постои ваков центар. И не само во Македонија, апаратот TRILOGY е единствениот во регионот кој вклучува три различни методи и техники за радиотерапија“, вели Гуркем.

Гуркем повеќе од 10 години работи на полето на радиотерапија во еминентни здравствени центри во Европа и на Блискиот Исток. Досега има спроведено над 25 000 зрачни третмани. Неговото искуство вели дека со доаѓањето на акцелераторот Trilogy квалитетот и прецизноста на зрачниот третман е подигнат на највисоко ниво.

„Една од основните работи кои ги добија пациентите со акцелераторот е значително скратување на зрачниот третман. Третманот трае најмногу 2 минути, а заедно со подготовката на пациентот третманот трае 30-тина минути. Втората, исто така, значајна работа е прецизност на третманот, која е загарантирана преку IGRT техниката. Оваа техника е од особено значење кај пациенти кои имаат лезии на белите дробови, која за време на третманот, со дишењето на пациентот се поместува. Со истовременото КТ снимање ние можеме да го следиме и увидиме тоа придвижување и соодветно на тоа да реагираме и да го насочиме зрачниот третман на местото на лезијата. Пациентот добива сигурен третман, а околното ткиво е максимално заштитено“.

Како физичар кој секојдневно ги следи најновите достигнувања во радиотерапијата во светот Гуркем вели дека еволуцијата оди секогаш чекор понапред и е насочена да обезбеди најдобар третман на пациентот. Неговата работа бара постојано да биде во тек со најновите достигнувања во радиотерапијата. Овој реномиран медицински физичар во јуни годинава ќе биде дел од предавачите на 12. Интернационален конгрес на Здружението за стереотактична радиохирургија.

„Еволуцијата секогаш оди на нагорно ниво и секогаш е насочена да обезбеди најдобар третман на пациентот. Една од најновите техники која прави парадигмални промени во радиотерапијата е наречена FFF (Flattening filter free), а, исто така, од големо значење во радиотерапијата е и апаратот Rapidarc во кој е вградена најсовремена технологија. Целта на најновите достигнувања во радиотерапијата е да имате можност да направите добар и прецизен план кој ќе ви обезбеди за кратко време најдобар можен третман, што значи најдобро опфаќање на лезијата и најмал можен зрак кон здравото ткиво. Во „Аџибадем Систина“ тоа е возможно благодарение на акцелераторот Trilogy“.

Гуркем Гунгор заедно со колегата Булент Јапиџ, медицински физичари од Здравствената групација „Аџибадем“, беа во неколкудневна посета на Центарот за онкологија и радиотерапија во „Аџибадем Систина“. Целта за нивната посета е едукација и размена на знаења и искуства од областа на радиотерапијата.

НОВОСТИ И НАСТАНИ

Д-р Душко Михајлоски: Магнетната резонанца 3 Tesla ќе донесе нова ера во дијагностиката

Инвестирањето во најсовремениот апарат за магнетна резонанца 3 Tesla е уште една потврда за определбата на „Аџибадем Систина“ да биде лидер во… Read More

MRI 3 Tesla - Нова ера во дијагностиката

MRI 3 Tesla претставува најсовремен апарат за магнетна резонанца, кој за првпат во…

Радиохирургија на револуционерниот TRILOGY единствено во „Аџибадем Систина“

Радиохирургијата е тип на зрачна терапија со која се третираат тумори, најчесто во…

СВЕДОШТВА

Човечноста е заштитен знак за „Аџибадем Систина“

Извор: Hello Magazin Сите ја обожаваат, ѝ се восхитуваат и ја сакаат. Но, кога лично ќе ја запознаете веднаш сфаќате и зошто. Едноставно ве маѓепсува… Read More

Language