Проф. д-р Љупчо Лековски, хирург уролог од „Аџибадем Систина“ ги истакнува последните сознанија за карциномот на простата (ризик фактори, симптоми, третман)

Карциномот на проста се развива во жлездата наречена простата. Таа е со големина на костен и се наоѓа точно под мочниот меур. Оваа жлезда произведува дел од течностите во спермата. По канцерот на кожа, овој тип канцер е најчест меѓу машката популација. Канцерот на простата се развива бавно, без да направи притоа сериозни нарушувања. Но постојат и типови канцер на простата кои се агресивни и се шират брзо.

 

Симптоми

Во раната фаза на болеста, може да не се јават симптоми. Со развојот на болеста, се појавуваат и првите симптоми, како зачестено уринирање, особено во текот на ноќта, тешкотии при започнувањето или запирањето со уринирање, испуштање слаб млаз урина, чувство на болка и печење при уринирање или крв во урината или во спермата. 

Ризик фактори

Кај канцерот на простата има ризик фактори кои можеме да ги контролираме, а тоа е исхраната. Прекумерното консумирање мрсна храна и црвено месо ги покачува нивоата на хормоните. Од друга страна, ризик факторите кои не можеме да ги контролираме се возраста и семејната историја.

Митови за канцерот на простата

Постојат и многу митови во врска со канцерот на простатата. Докажано е дека честата сексуална активност не го зголемува ризикот од канцер на простата ниту, пак, зголемената простата доведува до канцер. 

Скрининг ДРЕ и ПСА

Главен ризик фактор за карциномот на простата е возраста. Ризикот е поголем доколку еден или повеќе членови во семејството имале карцином на простата. Еден од најважните превентивни прегледи кои треба да бидат направени кај секој маж над 50 години е прегледот на простатата, кој се состои во ехо и ректален преглед на простатата. Составен дел од овој машки пакет е и одредувањето на ПСА во крвта. Ова е еден вид туморски маркер, кој може да открие присуство на карцином во простата во многу рана фаза. Кај мажи со семејна историја за карцином на простата, како и кај пушачи, овие прегледи треба да започнат да се спроведуваат веќе од 45-тата година. Покаченото ниво на ПСА може да укажува на зголемен ризик од канцер. Зголемените вредности на ПСА не значи и карцином на простата. Овој тумор маркер може да има зголемени вредности во крвта и при воспаление на простата. 

Биопсијата, исто така, е еден од дијагностичките методи. Се изведува со помош на игла со која се земаат примероци од ткивото на простатата. Примероците од ткивото се испитуваат под микроскоп. Биопсијата е најдобар начин за откривање на канцерот и за одредување на стадиумот. 

Снимање на канцер на простата

Некои пациенти имаат потреба од дополнителни испитувања за тоа дали канцерот се раширил околу простатата. Овие испитувања вклучуваат ултразвук, КТ томографија, магнетна резонанца, ПЕТ скен и скен на коски.

Фази на канцерот на простата

Канцерот на простата може да има четири фази, и тоа од моментот кога е во почетен стадиум и се наоѓа во самата простата, до моментот кога ќе метастазира до лимфните јазли, поблиските органи или ткива (ректумот и мочниот меур) или пооддалечените органи, како што се коските и белите дробови. 

Стапка на преживување од канцер на простата

"Добрата страна" кај ова заболување е тоа што најчесто бавно се развива, и во 9 од 10 случаи се откриваат во рана фаза. Всушност, кај оние кај кои е дијагностициран канцерот во моментот додека не е проширен и на другите органи, односно кога е локализиран само во простатата, стапката на преживување е 100%, додека кај оние кај кои канцерот е проширен до подалечните органи е 28%. 

Третман

Третманот на канцер на простата е хируршката интервенција, наречена радикална простатектомија, која може да се изведе на класичен начин, лапароскопски или со роботска хирургија. 
Хормоналната терапија може да го намали растењето на канцерозните клетки. Овие лекови или хормони го блокираат произведувањето на тестостерон и на другите машки хормони наречени андрогени. Несаканите ефекти од овие лекови се препотување, раст на градите, дебелеење и импотенција. 
Како дел од лекувањето е хемотерапија и зрачна терапија. Во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ зрачната терапија се изведува на најмоќниот акцелератор TRILOGY.

Еректилната дисфункција

Еректилната дисфункција не значи дека се јавува кај секој пациент, може да се јави во случаи кога карциномот е во напредна фаза. Во лекувањето на еректилната дисфункција се препорачуваат пенилни протези, кои претставуваат трајно решение за овој проблем.
Здравата храна е најдобра превенција од овој тип канцер. 
Се препорачуваат пет или повеќе оброци со зеленчук во текот на денот, интегрални зрна, наместо бел леб, намален внес на мрсна храна и преработено месо, намален внес на алкохолни пијалаци.

За повеќе информации прочитајте за карцином на простата.

СВЕДОШТВА

Човечноста е заштитен знак за „Аџибадем Систина“

Извор: Hello Magazin Сите ја обожаваат, ѝ се восхитуваат и ја сакаат. Но, кога лично ќе ја запознаете веднаш сфаќате и зошто. Едноставно ве маѓепсува… Read More

НОВОСТИ И НАСТАНИ

Д-р Душко Михајлоски: Магнетната резонанца 3 Tesla ќе донесе нова ера во дијагностиката

Инвестирањето во најсовремениот апарат за магнетна резонанца 3 Tesla е уште една потврда за определбата на „Аџибадем Систина“ да биде лидер во… Read More

MRI 3 Tesla - Нова ера во дијагностиката

MRI 3 Tesla претставува најсовремен апарат за магнетна резонанца, кој за првпат во…

Радиохирургија на револуционерниот TRILOGY единствено во „Аџибадем Систина“

Радиохирургијата е тип на зрачна терапија со која се третираат тумори, најчесто во…

Language