Гнев и канцер

Најчесто оваа емоција се јавува поради тоа што луѓето во еден момент чувствуваат дека мора да сопрат со својот вообичаен начин на живот и да се навикнат на новонастанатата ситуација.

 

Лутината и гневот се заеднички чувства кај речиси сите луѓе кај кои е дијагностициран канцер. Иако гневот е првата емоционална реакција, лутината може да се развие во текот на третманот. Најчесто оваа емоција се јавува поради тоа што луѓето во еден момент чувствуваат

дека мора да сопрат со својот вообичаен начин на живот и да се навикнат на новонастанатата ситуација. Други, пак, чувствуваат гнев поради загриженоста како членовите на нивното семејство ќе реагираат на дијагнозата. Многу луѓе се прашуваат „зошто баш јас?“. Понекогаш и несаканите ефекти од зрачната терапија и хемотерапијата, како што се проблемите со спиењето, заморот, болката, гадењето, опаѓањето на косата, можат да направат и пациентите кои се оптимисти да станат нервозни, разочарани, раздразливи. Д-р Владимир Ортаков, невропсихијатар, објаснува дека многу луѓе кои живеат со карцином се чувствуваат виновни и лути, не знаат што да направат за да ги изразат своите чувства. Како резултат на тоа, луѓето можат да паднат во депресија и да бараат начин својот гнев да го неутрализираат со алкохол или дрога.

Справување со гневот

Најдобар начин да се справите со гневот е да се идентификува и да се најде здрав начин да се изрази. Д-р Ортаков советува како да се справите кога ќе надвладее чувството на гнев:

Признајте го вашиот гнев - прифатете дека сте лути и нервозни поради болеста и потрудете се да се смените. Надежта и позитивната енергија се тие коишто ќе ви помогнат полесно да го поминете процесот на лекување. Покажувањето на емоциите е многу поедноставно од криењето.

Не го префрлајте гневот на блиските – пациентите со канцер најчесто се фокусираат кон својата болест и не ја забележуваат поддршката од најблиските, а таа ви е најпотребна во

овие моменти.

Не носете маска – понекогаш е многу полесно бесот и лутината да го споделите со своите блиски место да ставите маска и да глумите. Разговарајте со вашите блиски, тие се тука за вас, пред нив можете да пуштите солза, да го кажете најдлабокиот страв. Објаснете им дека тие се сакани и тогаш кога вие сте лути и гневни.

Доколку правилно го насочите гневот, тој може да биде и извор на позитивна енергија кој ќе ве наведе да се борите со болеста и да ги промените работите на подобро. Лутина во врска

со канцерот може да ви обезбеди сила за надминување на предизвиците за време на лекувањето.

• Разговарајте за причините што довеле до лутина и гнев

• Занимавајте се со некоја физичка активност во полн интензитет додека сте лути

• Занимавајте се со одреден спорт и така трошете ја негативната енергија

• Отидете до најблиската шума и викајте гласно или, пак, отидете на некој спортски натпревар

• Посетете психијатар и со него разговарајте за вашиот гнев

• Одете на јога, слушајте музика или занимавајте се со уметност и ослободете се од чувствата

• Зачленете се во групи за поддршка на пациенти со канцер, па со нив споделете ги искуствата

НОВОСТИ И НАСТАНИ

Д-р Душко Михајлоски: Магнетната резонанца 3 Tesla ќе донесе нова ера во дијагностиката

Инвестирањето во најсовремениот апарат за магнетна резонанца 3 Tesla е уште една потврда за определбата на „Аџибадем Систина“ да биде лидер во… Read More

MRI 3 Tesla - Нова ера во дијагностиката

MRI 3 Tesla претставува најсовремен апарат за магнетна резонанца, кој за првпат во…

Радиохирургија на револуционерниот TRILOGY единствено во „Аџибадем Систина“

Радиохирургијата е тип на зрачна терапија со која се третираат тумори, најчесто во…

СВЕДОШТВА

Човечноста е заштитен знак за „Аџибадем Систина“

Извор: Hello Magazin Сите ја обожаваат, ѝ се восхитуваат и ја сакаат. Но, кога лично ќе ја запознаете веднаш сфаќате и зошто. Едноставно ве маѓепсува… Read More

Language