Сè што треба да знаете за хемотерапија
Хемотерапијата се користи во лекувањето на карциномот уште од 1940 година, а голем развој доживува во седумдесеттите години благодарение на откривањето на многу нови лекови. Таа има за цел да ги елиминира канцерозните клетки на сите места во телото на човекот убивајќи ги директно или спречувајќи го размножувањето на туморските клетки.