Онкологија

Медицинската онкологија опфаќа лекување пациенти со канцер, спроведување превентивни мерки за заштита од канцер, како и следење на пациентите со канцер и методи за рано дијагностицирање.

Што е медицинска онкологија?

Медицинска онкологија е научна гранка која опфаќа не само лекување на пациенти со канцер туку исто така и превенција од канцер, следење на болните со канцер и методи за рано дијагностицирање. Со други зборови, секоја фаза на малигното заболување е предмет на медицинска онкологија. Освен тоа, при дијагноза и при лекувањето на малигните болести постои соработка помеѓу различни специјалности како што се хирургијата и радиологијата. Пристапот кон пациентите е мултидисциплинарен во согласност со медицина базирана на докази.

Како се изведува лекувањето?

Лекувањето се изведува со помош на лекови кои се даваат интравенозно или орално. Сепак, оваа практика се разликува во зависност од видот канцер. Планот за лекување се менува врз основа на клеточниот тип канцер, органот каде што првпат се појавил и органите на кои се раширил. Третманот може да биде како адјувантно лекување со цел да се намали ризикот од повторување на болеста, потоа како неадјувантно лекување, да се овозможи хируршки третман или да се заштитат органите и како палијативно лекување за да се продолжи животот и да се зголеми квалитетот на живеењето. Лекувањето може да биде поединечно или во комбинација со други терапии.

Кои методи се користат во примената на медицинската онкологија?

  

Хемотерапија (терапија со лекови)

Хемотерапијата има за цел да ги уништи канцерогените клетки кои растат неконтролирано поради некои промени во нивните структури. Во повеќето случаи целта е да се убијат канцерогените клетки со препишување на неколку лекови кои делуваат преку разни механизми. Употребата на лекарства во хемотерапијата како начин на лекување на малигните болести првпат се појави на почетокот на 20 век. Кога во текот на Првата и Втората светска војна се користел иперитот, се сметало дека гасот ќе биде фатален за брзо размножувачките канцерогени клетки бидејќи било откриено дека гасот го намалувал бројот на белите крвни клетки. Во текот на 1940 година бил даван интравенозно при лекувањето на лимфомите со што бил направен успешен чекор во лекувањето земајќи ги предвид условите од тоа време. Ваквиот развој го отвори патот за истражување на други супстанции кои би можеле да влијаат врз појавата на малигните болести и отогаш лекарствата за хемотерапија се развиваат постојано. Најновите случувања на ова поле се следат во центрите за онкологија при „Аџибадем“ и лекувањето се спроведува во согласност со светските стандарди.

Хормонална терапија

Хормоналните лекови се користат при лекување на туморите кои се чувствителни на хормони, како што се канцер на простата и на дојка. Лековите обично се даваат орално или по пат на инјектирање.

Имунотерапија (третман на имунолошки систем)

Супстанции кои имунолошкиот систем природно ги произведува. Тие се користат за да се идентификуваат и за да се уништат канцерогените клетки со алармирање на имунолошкиот систем на телото.

Целна биолошка терапија

Еднo од најважните случувања во последната деценија во лекувањето канцер е развојот на високо ефикасни биолошки терапии со релативно малку несакани ефекти кои идентификуваат цели кои се присутни во канцерозните клетки, но не и во нормалните клетки. Таквите целно водени терапии воспоставени за лекување канцер се ефикасни опции за многу видови канцер и успешно се спроведуваат кај многу видови канцер, особено кај канцер на дојка, црева, на бубрег и малигниот меланом на кожа.

Дали знаете?

Постојат повеќе видови канцер кои се третираат со медицинска онкологија, како што се: канцер на дојка, тумори на мозок, канцер на бели дробови, дебело црево и ректум, канцер на желудник, на панкреас, на црн дроб, на простата, на матка, на јајчници, канцер на мочен меур, на тестиси, на бубрег, тумори на глава и врат, тумори на коски, тумори на меки ткива итн...

СВЕДОШТВА

Човечноста е заштитен знак за „Аџибадем Систина“

Извор: Hello Magazin Сите ја обожаваат, ѝ се восхитуваат и ја сакаат. Но, кога лично ќе ја запознаете веднаш сфаќате и зошто. Едноставно ве маѓепсува… Read More

НОВОСТИ И НАСТАНИ

Д-р Душко Михајлоски: Магнетната резонанца 3 Tesla ќе донесе нова ера во дијагностиката

Инвестирањето во најсовремениот апарат за магнетна резонанца 3 Tesla е уште една потврда за определбата на „Аџибадем Систина“ да биде лидер во… Read More

MRI 3 Tesla - Нова ера во дијагностиката

MRI 3 Tesla претставува најсовремен апарат за магнетна резонанца, кој за првпат во…

Радиохирургија на револуционерниот TRILOGY единствено во „Аџибадем Систина“

Радиохирургијата е тип на зрачна терапија со која се третираат тумори, најчесто во…

Language