ПЕТ/КТ

ПЕТ/КТ апаратот се користи за да се идентификуваат тумори во раните фази и да се утврди дали овие тумори се малигни или бенигни. Апаратот исто така се користи во дијагнозата на невролошките и на кардиолошките заболувања. 

ПЕТ/КТ е една од најефикасните техники за снимање кои се денес на располагање. Накратко, ПЕТ/КТ е техника за снимање која ги покажува функциите на органите и ткивата во човечкото тело на метаболичко ниво. Комбинирајќи ги предностите на ПЕТ (позитронска емисиона томографија) и КТ (компјутерска томографија), обезбедува детални анатомски информации. ПЕТ/КТ особено е користен во онкологијата за идентификација на тумори, за определување на раширеноста на туморот, за планирање на радиотерапија, за процена на реакцијата на пациентот кој е на лекување. Овој апарат е достапен на пациентите во болницата „Аџибадем Систина“. Користењето на оваа дијагностичка метода во светот не се ограничува само на онкологија. ПЕТ/КТ, исто така, игра клучна улога во одредувањето епилептичен фокус, кај невролошките случаи како што е Алцхајмеровата болест, и во потрага по присуство на живи ткива во срцето по срцев удар. На тој начин тој отвора нова ера во дијагнозата и во лекувањето на некои невролошки и кардиолошки заболувања.

Во која фаза на канцер се користи ПЕТ/КТ?

ПЕТ/КТ за рана дијагноза

ПЕТ/КТ нуди значајни предности при раната дијагноза. Тој нуди можност да се идентификуваат многу нарушувања во почетната фаза. Во периодот пред да се појави ПЕТ/КТ, утврдувањето за тоа дали лимфните јазли се зафатени од тумор се вршеше само по пат на биопсија, а сега, со примената на ПЕТ/КТ тоа се определува со висока стапка на прецизност. Во ПЕТ/КТ снимките може и да се забележат мали тумори до 5 мм во дијаметар бидејќи информациите за телото на пациентот се добиваат преку снимки добиени од напредни компјутерски системи. ПЕТ/КТ, искористувајќи го зголемениот гликозен метаболизам, карактеристика на канцерогените клетки, го олеснува воспоставувањето брза и сигурна дијагноза без земање на какви било примероци. 

ПЕТ/КТ при метастаза

ПЕТ/КТ, исто така, нуди значајна предност за определување на тоа дали болеста се шири во соседните ткива или лимфни јазли, односно дали постои метастаза или не. Бидејќи целото тело се прегледува истовремено, благодарение на снимките направени преку ПЕТ/КТ, исто така, може да се оцени дали канцерот се проширил на друг орган. Затоа, ПЕТ/КТ е поволен во определувањето на локалната и далечна проширеност на болеста, на пример, дали туморот во белиот дроб се проширил на други внатрешни органи, надбубрежните жлезди или лимфните јазли (дали има метастази или не), со други зборови за одредување на стадиумот на болеста.

ПЕТ/КТ по лекувањето

Многу видови канцер може да се излекуваат доколку се воспостави рана дијагноза. На пример, 5-годишната стапка на преживување кај пациентите на кои им е дијагностициран канцер на дојка во рана фаза изнесува над 80%. ПЕТ/КТ зазема значајно место во дијагностиката на туморот бидејќи обезбедува детални информации за туморот. ПЕТ овозможува анализа на метаболизмот на ткивото според што би можело да се утврди дали лезијата, чие анатомско присуство е веќе определено, е малигна или бенигна. Исто така ПЕТ може да се користи и за следење на одговорот од терапијата кај малигните болести. На пример, во случај на лимфом, лимфните јазли кои растат може да се намалат со лекување, но постојат случаи каде што не може да бидат целосно отстранети. Во многу случаи лимфните јазли може да останат малку зголемени по лекувањето. Кога станува збор за утврдување дали сe уште има активна болест во овие јазли или дали болеста е целосно елиминирана, ПЕТ/КТ е најважен метод за следење на терапискиот одговор. Според тоа, ПЕТ/КТ овозможува прецизно одредување на локацијата на лимфните јазли, а одговара и на прашањето дали активната болест е сe уште присутна и дали има целосен одговор од лекувањето. Со сите овие карактеристики ПЕТ/КТ игра важна улога во воспоставувањето на рана и навремена дијагноза, како и во следење на лекувањето на малигните болести. Болниците кои го применуваат овој принцип на работа обезбедуваат успешни резултати од лекувањето и следењето на пациентите со канцер. Ваквиот приод во лекувањето на болните со канцер е приоритет во болницата „Аџибадем Систина“, како дел од Здравствената групација „Аџибадем“. 

Клинички случаи каде што се применува ПЕТ/КТ

• КАРЦИНОМ НА БЕЛИ ДРОБОВИ

• ЛИМФОМИ

• КАРЦИНОМ НА ШТИТНА ЖЛЕЗДА

• КАРЦИНОМ НА ДОЈКА

• КАРЦИНОМ НА ПАНКРЕАС

• КАРЦИНОМ НА ДЕБЕЛО ЦРЕВО

• МЕЛАНОМ

• ТУМОРИ НА МОЗОК

• ДРУГИ ДЕЛОВИ НА ПРИМЕНА

Дали знаевте?

• ПЕТ/КТ открива разни видови канцер, срцеви и невролошки болести. Со неговата примена се елиминира потребата од употреба на дополнителни испитувања и дијагностички процедури.

• ПЕТ/КТ е безбеден.

• Само една примена на ПЕТ/КТ заменува примена на голем број други испитувања

• ПЕТ/КТ ги прикажува сите органски системи во само една снимка.

• ПЕТ/КТ обезбедува рано дијагностицирање на многу болести за разлика од други методи.

• ПЕТ/КТ ги прикажува текот на болеста и реакцијата на телото на спроведениот третман.

• ПЕТ/КТ обезбедува важни информации во врска со планирањето на лекувањето. 

 

НОВОСТИ И НАСТАНИ

Д-р Душко Михајлоски: Магнетната резонанца 3 Tesla ќе донесе нова ера во дијагностиката

Инвестирањето во најсовремениот апарат за магнетна резонанца 3 Tesla е уште една потврда за определбата на „Аџибадем Систина“ да биде лидер во… Read More

MRI 3 Tesla - Нова ера во дијагностиката

MRI 3 Tesla претставува најсовремен апарат за магнетна резонанца, кој за првпат во…

Радиохирургија на револуционерниот TRILOGY единствено во „Аџибадем Систина“

Радиохирургијата е тип на зрачна терапија со која се третираат тумори, најчесто во…

СВЕДОШТВА

Човечноста е заштитен знак за „Аџибадем Систина“

Извор: Hello Magazin Сите ја обожаваат, ѝ се восхитуваат и ја сакаат. Но, кога лично ќе ја запознаете веднаш сфаќате и зошто. Едноставно ве маѓепсува… Read More

Language