Радиотерапија

Радиолошка онкологија подразбира користење на јонизирачки зраци во третманот на пациентот со канцер, како и истражувања кои се водат на ова поле. Радиолошката онкологија има две области на апликација на третманот, и тоа радиотерапија и радиохирургија.

Радиотерапија (терапија со јонизирачки зраци)

Технолошки гледано радиотерапијата е дисциплина со најголем подем во последните години. Благодарение на модерните техники за зрачење и најсовремените технолошки апарати добиени се успешни резултати во лекувањето на канцерозното ткиво.

Во Центарот за онкологија и радиотерапија во „Аџибадем Систина“, радиотерапијата се изведува со помош на најсовремениот акцелератор TRILOGY кој овозможува брз, прецизен и ефикасен третман на канцерот.

Што е радиотерапија?

Радиотерапијата е дефинирана како лекување на канцерозно ткиво или на некои немалигни тумори со помош на зрачење. Во јавноста е позната како радиолошка терапија или терапија со јонизирачки зраци. Зраците користени во радиотерапијата имаат цел да го спречат растењето на канцерозните клетки или да ги уништат истите. Радиотерапијата често се применува во третманот на канцер. По дијагностицирање на канцер, 60-80 проценти од пациентите со канцер имаат потреба од радиотерапија.

Како се одредува методот на лекување?

Постојат многу фактори што влијаат на третманот. Главните фактори се следниве: типот, стадиумот и локализацијата на малигното заболување, како и возраста на пациентот и неговото општо здравје. Одлуките за третманот се донесуваат по процена од страна на лекари од разни области и секој пациент се оценува посебно. Поради тоа, дури и кај пациентите со ист тип канцер, лекувањето на секој пациент се планира согласно со неговата состојба.

Како радиотерапијата влијае врз пациентот?

Зраците што се користат во радиотерапијата дејствуваат врз јадрото на канцерогените клетки. Кога ДНК во јадрото на клетките е доволно оштетена, клетките ја губат способноста да се делат. Канцерот престанува да расте и почнува да се намалува бидејќи мртвите клетки во канцерозното ткиво не се регенерираат. Како резултат на тоа, многу типови тумор се третирани успешно. Високата доза на зрачење применета во текот на сесиите со радиотерапија ги уништува клетките или го спречува нивното размножување. Бидејќи клетките на туморот се делат побргу од нормалните, радиотерапијата ги уништува повеќето од овие клетки. Иако и нормалните клетки се под дејство на зрачење, може да заздрават во кус временски период како резултат на нивната помала осетливост и посебни механизми на регенерација, кои не се својствени за канцерозните клетки. Од друга страна, бројот на нормални клетки што го опкружуваат третираниот регион е милион пати поголем од бројот на канцерозни клетки. За да се заштитат нормалните клетки, вкупната доза на зрачење е поделена во помали дози кои се даваат дневно во специфичен временски период. Освен тоа, лекарите вложуваат напор да го заштитат здравото ткиво и да го насочат зрачењето кон заболениот регион.

Радиохирургија

Основната цел во радиохирургијата, едно од полињата на примена на радиолошката онкологија, е насочувањето т.е. фокусирање на многу високи енергетски зраци кон заболениот регион т.е. туморот. Целта е да се намалат или да се уништат канцерозните клетки со интензивни зраци, додека околните здрави ткива се заштитени од штетните ефекти на зрачењето.

Примени на радиохирургија:

СТЕРЕОТАКТИЧНА РАДИОХИРУРГИЈА (SRS): SRS ги третира мозочните тумори со прецизно пренесување на еднократна висока доза на зрачење по претходно прецизно спроведено тродимензионално планирање на зрачниот третман. Користењето на IGRT во текот на процесот е од витално значење за прецизно спроведување на третманот.

СТЕРЕОТАКТИЧНА РАДИОТЕРАПИЈА (SRT): Кога SRS третманот се прави во повеќе од една сесија (обично 3-5 сесии), третманот се вика стереотактичка радиотерапија. Два апарата кои најчесто се користат во радиохирургијата се: Gamma Knife и Cyber Knife.

НОВОСТИ И НАСТАНИ

Д-р Душко Михајлоски: Магнетната резонанца 3 Tesla ќе донесе нова ера во дијагностиката

Инвестирањето во најсовремениот апарат за магнетна резонанца 3 Tesla е уште една потврда за определбата на „Аџибадем Систина“ да биде лидер во… Read More

MRI 3 Tesla - Нова ера во дијагностиката

MRI 3 Tesla претставува најсовремен апарат за магнетна резонанца, кој за првпат во…

Радиохирургија на револуционерниот TRILOGY единствено во „Аџибадем Систина“

Радиохирургијата е тип на зрачна терапија со која се третираат тумори, најчесто во…

СВЕДОШТВА

Човечноста е заштитен знак за „Аџибадем Систина“

Извор: Hello Magazin Сите ја обожаваат, ѝ се восхитуваат и ја сакаат. Но, кога лично ќе ја запознаете веднаш сфаќате и зошто. Едноставно ве маѓепсува… Read More

Language