Драгица, 53 години, Р. Македонија

Најголемиот стрес што го доживеав во животот беше информацијата дека поради дијагностицираниот тумор во мозокот ми преостануваат само уште 10 дена од животот. Парализирана, во кревет, без никаква надеж од докторите, но со надеж дека можеби ќе се случи чудо. Неврохирургот Јовица Угриновски, со своето долгогодишно искуство и професионалност, ми докажа дека чуда, сепак, постојат. По една година од операцијата кај мене нема ниту трага од болеста.
Сѐ започна кога ги почувствував првите симптоми на трнење на левата страна од телото. Не знаејќи што се случува со моето здравје, веднаш отидов на лекар, каде ми дијагностицираа слаба циркулација и шилци во вратот, за кои ми рекоа дека не претставуваат закана за мојот живот.

Деновите поминуваа, а трнењето не се смируваше. При посетата кај докторот ми беше речено дека трнењето е последица на слаба циркулација и шилци во вратот и за тоа е потребно да одам на терапија. Веднаш отидов на физикална терапија, како што ми препорача докторот. Но наместо подобрување, мојата состојба сѐ повеќе се влошуваше. Трнењето стануваше сѐ поинтензивно, а постепено почнав да ја губам функцијата на нозете и рацете. Повторно отидов на лекар, кој веднаш ми даде упат да ја снимам главата на магнетна резонанца. Резултатот што следуваше беше вистински шок за мене. Во ниту еден момент не помислив дека за кратко време ќе се соочам со смртта. Од навидум минлива болест, добив дијагноза тумор во мозокот. Од една страна, тешката дијагноза значеше уште малку преостанат живот, од друга страна, долга борба со туморот. Тогаш ја започнав непридвидливата борба за живот.
Побарав помош на повеќе места, но место поддршка, од докторите добивав само „црвени картони“. Сите доктори беа едногласни дека туморот, поради местоположбата, не смее да се оперира. Не знам на колку врати затропав барајќи помош, колку молев да ме спасат, но од сите го добив истиот одговор, дека треба да прифатам сѐ и да се подготвам за најлошото.
Надежта која беше водилка низ целата борба полека почна да замира. Целосно се парализирав, не можев да одам, а во последните денови престанав и да голтам. Последна препорака од докторите ми беше опцијата да одам на зрачење во Загреб.
На крајот, не ми преостана ништо друго освен да ги проживеам и последните десет дена од животот, колку што и ми даваа докторите. Бев неподвижна. Двајца ме носеа до тоалет. Само лежев и секојдневно се молев за спас. Единствено што посакував е да живеам и да барам спас од безизлезната ситуација во која се наоѓав.
По препорака на пријатели дојдов во Клиничката болница „Аџибадем Систина“. Целото тело ми беше одземено, не можев да се движам. Од едната страна ме носеше синот, од другата сопругот. Имав парализа на лицето и не можев да зборувам. Туморот бил поголем од човечки прст и се наоѓал на мозочното стебло кое претставува еден „мост“, спој на ‘рбетниот мозок со големиот мозок. Единствениот спас беше неврохируршка операција. Веќе следниот ден отидов на операција, која беше успешно изведена, туморот беше изваден и јас продолжив да живеам. По пет дена поминати во Клиничката болница „Аџибадем Систина“, се вратив дома.
Бев неподвижна, а доктор Угриновски ме врати во живот. Но не само што ми го спаси животот туку ми овозможи и нормално да живеам. Единствена придобивка од болеста е што во моментите соочена со смртта сфатив колку е мил животот и вреди да се живее. Сега уште посилна, сама чекорам низ животот. По една година од операцијата нема ниту трага од болеста. Битката со болеста остана лош момент од моето минато.
Во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ останав само пет дена. Краткиот престој во болницата беше доволно време да ја доживеам врвната медицинска грижа од професионалниот тим доктори, медицински сестри и болничари. Посветеноста и професионалноста на доктор Угриновски и неговиот тим ми овозможија да излезам како победник од „натпреварот со туморот“. За секој ден поминат со моето семејство не заборавам да ви се заблагодарам што постпостоите!
Сега на мојата среќа ѝ нема крај

НОВОСТИ И НАСТАНИ

Д-р Душко Михајлоски: Магнетната резонанца 3 Tesla ќе донесе нова ера во дијагностиката

Инвестирањето во најсовремениот апарат за магнетна резонанца 3 Tesla е уште една потврда за определбата на „Аџибадем Систина“ да биде лидер во… Read More

MRI 3 Tesla - Нова ера во дијагностиката

MRI 3 Tesla претставува најсовремен апарат за магнетна резонанца, кој за првпат во…

Радиохирургија на револуционерниот TRILOGY единствено во „Аџибадем Систина“

Радиохирургијата е тип на зрачна терапија со која се третираат тумори, најчесто во…

СВЕДОШТВА

Човечноста е заштитен знак за „Аџибадем Систина“

Извор: Hello Magazin Сите ја обожаваат, ѝ се восхитуваат и ја сакаат. Но, кога лично ќе ја запознаете веднаш сфаќате и зошто. Едноставно ве маѓепсува… Read More

Language