Драгица, 53 години, Р. Македонија
Најголемиот стрес што го доживеав во животот беше информацијата дека поради дијагностицираниот тумор во мозокот ми преостануваат само уште 10 дена од животот. Парализирана, во кревет, без никаква надеж од докторите, но со надеж дека можеби ќе се случи чудо. Неврохирургот Јовица Угриновски, со своето долгогодишно искуство и професионалност, ми докажа дека чуда, сепак, постојат. По една година од операцијата кај мене нема ниту трага од болеста.
Сѐ започна кога ги почувствував првите симптоми на трнење на левата страна од телото. Не знаејќи што се случува со моето здравје, веднаш отидов на лекар, каде ми дијагностицираа слаба циркулација и шилци во вратот, за кои ми рекоа дека не претставуваат закана за мојот живот.