TRILOGY
TRILOGY - Револуција во третманот на канцер
TRILOGY е најсофистициран линеарен акцелератор кој нуди можност за прецизна и ефикасна радиотерапија во лекување на малигни тумори. Овој апарат отвора нова ера во радиотерапијата, особено со користење на стереотактичка терапија и радиохирургија.
Апаратот TRILOGY е единствениот во регионот кој вклучува три различни методи и техники за радиотерапија:
IGRT (радиотерапија водена од слики): овозможува одредување на локацијата на туморот во текот на третманот. Благодарение на секојдневните контролни снимки се следи дали туморот кој го зрачиме е во зрачното поле. Пациентот се снима не само пред туку и за време на терапијата, со што се овозможува навремено спречување на евентуални поместувања на туморот во тек на третманот.
IMRT (радиотерапија со модулиран интензитет): резултира со распределба на висока доза на зрачење која треба туморот да ја прими, и е максимално прилагодена на туморот, дури и кога неговата форма е комплексна т.е неправилна. Со помош на оваа техника на зрачење се овозможува доставување на посакуваната доза во туморот со максимална заштита на здравите органи.
SRT/SRC радиотерапија: придобивките од стереотактичната радиотерапија генерално се однесуваат за малите лезии (тумори). Колку порано се открие туморот во рана фаза кога е со мали димензии стереотактичната радиотерапија ќе има се поголеми ефекти во лекувањето. Со SRT/SRC радиотерапијата се користат прецизни зраци кои стигнуваат и до најмалите тумори.
Заштита на здравите ткива
Со можноста за користење на IMRT техниката, дозата на зрачење кон целниот тумор е прецизно прилагодена и директно насочена кон туморот при што туморот добива висока доза, а максимално е намалена дозата во здравите ткива и органи. Намалувањето на дозата во здравите ткива и органи е значајно за заштита на нивната функција и одржувањето на квалитетот на живот по завршување на радиотерапискиот третман.
Тумори кај кои може да се спроведе зрачен третман на TRILOGY:
Оваа технологија се употребува за третман на сите видови на тумори кај кои постојат индикации за зрачен третман.
- Тумори на глава и врат
- Тумори на мозок
- Тумори на бели дробови
- Тумори на дојка
- Тумори на простата
- Тумори на мочен меур
- Тумори на матка
- Тумори на желудник
- Тумори на ректум
- Мекоткивни тумори