Клиничката болница „Аџибадем Систина“ во Центарот за онкологија и радиотерапија нуди интегративен модел во лекување на пациентите со канцер. Со помош на врвна технологија овозможуваме рана дијагноза и современ третман на пациентите со канцер.
На едно место може да добиете континуирана грижа и третман од нашиот тим кој вклучува хирурзи, онколози, радиотерапевти, психолози, нутриционисти, кои се дел од овој интегративен модел.
Докажаниот тим на искусни доктори ќе ви помогне да ги зголемите резултатите од терапијата и успешно да ги надминете несаканите ефекти од болеста и третманот. За да не дојде до доцнење или прекин на терапијата нашиот интегративен тим ќе ви помогне да го зајакнете вашиот имунитет и сила, кои ќе ви помогнат полесно да ги надминете несаканите ефекти од терапијата. Тука се вклучени контрола на болка, психолошка поддршка за вас и вашето семејство, како и совети за здрава исхрана. Пациентите имаат можност за постоперативна рехабилитација, која е важна алка за брзо заздравување и навремено започнување со онколошки третман или зрачна терапија.
Естетска реконструкција
Во рамките на Центарот на пациентите нудиме и естетска реконструкција на отстранети дојки и тестиси. Реконструкцијата на дојка може да се изведе за време на операцијата на отстранување на туморот или, пак, по завршување на онколошкиот и радиотерапевсткиот третман. За многу пациенти кои го победиле карциномот на дојка реконструкцијата на дојка е вистинскиот избор. Имплантацијата на вештачки тестис позитивно влијае на психата кај мажот и на неговиот физички изглед. Имплантирање може да се изврши за време на операцијата на отстранување на тестисот или подоцна по завршување на лекувањето.