Нашиот професионален тим ќе ви го овозможи најбезбедниот и најефикасен третман во борбата со канцерот. Дозволете да бидеме ваша поддршка и заедно да создадеме нов свет на надеж, верба и љубов кон животот.

 

ЖИВОТ СО КАНЦЕР

ЗАКАЖИ ПРЕГЛЕД ONLINE

 

НАШИОТ ТИМ
Клиничката болница „Аџибадем Систина“ располага со високостручен тим професионалци со долгогодишно искуство од сите области на медицината. Долгогодишното искуство надополнето со врвната медицинска опрема влева сигурност и доверба кај нашите пациенти чиј број секојдневно се зголемува.


  • Д-р Лилјана Муратовска 
    Специјалист по нуклеарна медицина
    Нуклеарна медицина

    Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Прочитај повеќе

Cyber Knife е познат како прваиот и единствен радиосистемроботски апарат во светот, која лекува било каков тип на канцер во целото тело со високо осетлива прецизност, дури во рамките на милиметар. Со овој систем канцерогените регии во мозокот или во телото може да бидат третирани со високи дози со користење фокусирани радиолошки зраци. Освен тоа, нормалните ткива се заштитени на највисоко ниво од несаканите ефекти на радијацијата.

Апаратот за третман кој користи компјутерски контролирана робот технологија се врти околу пациентот и изведува третман со радијација од стотици агли. Cyber Knife се состои од потсистеми кои имаат многу напредни високи технологии. Cyber Knife, кој ја има способноста да го одреди местото на туморот благодарение на високо софистицираниот систем за дијагностицирање, претставува високо прецизен компјутерски контролиран робот-систем и современ роботски систем за позиционирање на пациентот. Сите овие системи го помагаат третманот на туморот со висока прецизност. Cyber Knife во основа претставува напреден линеарен акцелератор сместен на роботи кои се користат во индустрискиот сектор. Освен можноста да лекува канцерозни области во мозокот или во телото, посебно оние што се тешко достапни за високи дози; со користење на фокусирани радијациони зраци, тој исто така претставува и апарат за стереотактична радио операција (SRS), кој овозможува максимална заштита на здравите ткива. Апаратот за стереотактична радиооперација (SRS) овозможува третман на специфична таргетирана локација со помош на точно одредени 3Д координати. Со негова помош доаѓа до целосно уништување на туморот во една единствена сесија, преку високи дози на радијација. Во случај кога оваа терапија се применува во повеќе од една сесија (главно 3-5 сесии), се именува како стереотактична радиотерапија (SRT).

 

За кои типови канцер се користи Cyber Knife?

• Тумори во мозокот

• Карцином на бели дробови

• Карцином на црн дроб

• За разни тумори

• За тумори кои се појавуваат повторно, на региите кои се веќе зрачени

 

Кои се предностите на Cyber Knife?

• Со Cyber Knife пациентите со канцер добиваат нов и високо прецизен метод на лекување. SRS/SRT методот се смета за идеален за лезиите кои се не оперативни, мали и тешко достапни.

• Cyber Knife е алтернативен метод за операција. Не бара хируршка операција.

• Им овозможува на пациентите алтернатива во лекувањето на тумори кои бараат комплицирана операција или не може да се оперираат.

• Третманот се изведува со висока прецизност во рамки на еден милиметар со што се минимизира оштетувањето врз здравите ткива околу туморот.

• Нуди можност за краткотрајно лекување со само 1-5 сесии.

• Третманот се изведува со мониторинг на туморот и движењата на пациентот во реално време со помошта на систем за водење и со компјутерски контролирана робот-технологија. Со ова може да се идентификуваат и да се третираат спонтаните промени кои се појавуваат во текот на терапијата.

• Cyber Knife овозможува прецизно фиксирање и радијација со истовремено мониторирање на дишењето на пациентот и поместување на туморот.

• Може истовремено да третираат неколку тумори.

• Не е потребна анестезија за терапијата и пациентите не чувствуваат болка во текот на третманот.

• Во текот на третманот се користат водорастворливи пластични маски и специјални кревети, наместо методите кои се користат за имобилизација на главата или телото на пациентот.

• За терапијата со Cyber Knife пациентите нема потреба да бидат хоспитализирани. Тие може да се вратат во нормален живот и на нивните работни места веднаш по терапијата.

• Планирањето на лекувањето се прави преку интердисциплинарна тимска работа.

 

ДОБРИ ВЕСТИ

Се користи за мозочни тумори и за други типови канцер.

Освен за мозочни тумори, Cyber Knife исто така, се користи во третманот на бенигни и малигни тумори во сите делови на телото. Во зависност од пациентот, може да се применат една или до пет сесии. Во терапиите со една сесија се применува како стереотактична радио операција (радиолошкатерапија со високи дози). Во терапиите со повеќе од една сесија се применува како стеротактична радиотерапија. Причината поради која се употребува терминот радио операција е фактот што овој метод има заменето голем број операции и претставува хируршка постапка изведена без скалпел и без крвавење.

 

НОВОСТИ И НАСТАНИ

Д-р Душко Михајлоски: Магнетната резонанца 3 Tesla ќе донесе нова ера во дијагностиката

Инвестирањето во најсовремениот апарат за магнетна резонанца 3 Tesla е уште една потврда за определбата на „Аџибадем Систина“ да биде лидер во… Read More

MRI 3 Tesla - Нова ера во дијагностиката

MRI 3 Tesla претставува најсовремен апарат за магнетна резонанца, кој за првпат во…

Радиохирургија на револуционерниот TRILOGY единствено во „Аџибадем Систина“

Радиохирургијата е тип на зрачна терапија со која се третираат тумори, најчесто во…

СВЕДОШТВА

Човечноста е заштитен знак за „Аџибадем Систина“

Извор: Hello Magazin Сите ја обожаваат, ѝ се восхитуваат и ја сакаат. Но, кога лично ќе ја запознаете веднаш сфаќате и зошто. Едноставно ве маѓепсува… Read More

Language