Нашиот професионален тим ќе ви го овозможи најбезбедниот и најефикасен третман во борбата со канцерот. Дозволете да бидеме ваша поддршка и заедно да создадеме нов свет на надеж, верба и љубов кон животот.

 

ЖИВОТ СО КАНЦЕР

ЗАКАЖИ ПРЕГЛЕД ONLINE

 

НАШИОТ ТИМ
Клиничката болница „Аџибадем Систина“ располага со високостручен тим професионалци со долгогодишно искуство од сите области на медицината. Долгогодишното искуство надополнето со врвната медицинска опрема влева сигурност и доверба кај нашите пациенти чиј број секојдневно се зголемува.


  • Д-р Лилјана Муратовска 
    Специјалист по нуклеарна медицина
    Нуклеарна медицина

    Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Прочитај повеќе

Стапката на успех во лекувањето канцер се подобрува преку конзилиуми составени од страна на специјалисти кои се занимаваат со лекување на пациенти кои имаат канцер.

Која е функцијата на конзилиумот?

Во последните години примената на конзилиумите стана сe почеста и со текот на времето конзилиумите за која било болест се составени од специјалисти од повеќе области. Третманот на канцер, исто така, бара вклученост на повеќе специјалисти од различни области. Во текот на состаноците одржани од страна на конзилиумот лекари, специјалистите кои ги третираат пациентите со канцер заедно носат одлуки во врска со моменталната состојба на пациентите, како и за нивното понатамошно лекување. Дискусијата за пациентите со малигна болест е со цел да се одреди најсоодветниот пристап за лекување на пациентите. Фактот дека за пациентот се разговара мултидисциплинарно игра клучна улога во пристапот до актуелните информации во врска со лекувањето на болеста.

Какви предности им нудат конзилиумите на пациентите?

Конзилиумот им обезбедува низа предности на пациентите. Благодарение на ова тело пациентите не треба да ги посетуваат специјалистите еден по еден, сите аспекти на болеста се истражени, оценети и потврдени. Кога се постапува на овој начин, пациентите се чувствуваат посигурно.

Како работат конзилиумите за малигни болни во болницата „Аџибадем Систина“

Во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ дијагнозата и планирањето за лекување се обезбедуваат по пат на конзилиум. Пациентот се испитува детално и на тој начин се добиваат најефикасните решенија за третман на канцерот. Прво се спроведува прелиминарна подготовка за случаите што ќе бидат доставени, а потоа се составува конзилиумот со специјалисти кои можат да одговорат на тие случаи. Најважно е дека процесот на заедничко одлучување обезбедува поделба на одговорноста. Ваквиот мултидисциплинарен пристап ја зголемува стапката на успешност во третманот на канцер.

 

СВЕДОШТВА

Човечноста е заштитен знак за „Аџибадем Систина“

Извор: Hello Magazin Сите ја обожаваат, ѝ се восхитуваат и ја сакаат. Но, кога лично ќе ја запознаете веднаш сфаќате и зошто. Едноставно ве маѓепсува… Read More

НОВОСТИ И НАСТАНИ

Д-р Душко Михајлоски: Магнетната резонанца 3 Tesla ќе донесе нова ера во дијагностиката

Инвестирањето во најсовремениот апарат за магнетна резонанца 3 Tesla е уште една потврда за определбата на „Аџибадем Систина“ да биде лидер во… Read More

MRI 3 Tesla - Нова ера во дијагностиката

MRI 3 Tesla претставува најсовремен апарат за магнетна резонанца, кој за првпат во…

Радиохирургија на револуционерниот TRILOGY единствено во „Аџибадем Систина“

Радиохирургијата е тип на зрачна терапија со која се третираат тумори, најчесто во…

Language