Нашиот професионален тим ќе ви го овозможи најбезбедниот и најефикасен третман во борбата со канцерот. Дозволете да бидеме ваша поддршка и заедно да создадеме нов свет на надеж, верба и љубов кон животот.

 

ЖИВОТ СО КАНЦЕР

ЗАКАЖИ ПРЕГЛЕД ONLINE

 

НАШИОТ ТИМ
Клиничката болница „Аџибадем Систина“ располага со високостручен тим професионалци со долгогодишно искуство од сите области на медицината. Долгогодишното искуство надополнето со врвната медицинска опрема влева сигурност и доверба кај нашите пациенти чиј број секојдневно се зголемува.


  • Д-р Лилјана Муратовска 
    Специјалист по нуклеарна медицина
    Нуклеарна медицина

    Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Прочитај повеќе

Онкологијата има мултидисциплинарна структура и вклучува многу научни гранки. Затоа, лекувањето и следењето на канцерот без сомнение мора да се спроведува преку мултидисциплинарниот пристап, односно со соработка на повеќе медицински oбласти.

Мултидисциплинарен пристап во болниците на „Аџибадем“


Дијагнозата, лекувањето и грижата за заболените од канцер е сложен процес, а најдобра нега за овие пациенти можат да понудат стручни медицински лица кои меѓусебно ќе го споделат своето знаење и искуство. Најефикасните решенија при лекувањето канцер се добиени со имплементирање на мултидисциплинарен пристап, бидејќи онкологијата е област која бара соработка и заедничко одлучување на специјалисти од повеќе медицински гранки. Консултацијата на лекарите е од исклучително значење во дијагностицирањето и во лекувањето канцер.

Во мултидисциплинарните тимови се собираат специјалисти од различни медицински области, кои носат заедничка одлука и ја делат одговорноста. На тој начин грижата околу еден пациент не ја води само еден доктор, туку тим од специјалисти. Како резултат на тоа, центрите што работат според мултидисциплинарен принцип имаат поуспешни резултати во лекувањето и во следењето на пациентите кои имаат канцер.

Мултидисциплинарните тела т.н. „tumor councils“, донесуваат заеднички решенија и ја делат одговорноста за третманот на пациентите со канцер. Како резултат на тоа центрите кои го применуваат овој принцип на работа обезбедуваат успешни резултати од лекувањето и следењето на пациентите со канцер. Ваквиот приод во лекувањето на болните со канцер е приоритет во болницата „Аџибадем Систина“, како дел од Здравствената групација „Аџибадем“.

СВЕДОШТВА

Човечноста е заштитен знак за „Аџибадем Систина“

Извор: Hello Magazin Сите ја обожаваат, ѝ се восхитуваат и ја сакаат. Но, кога лично ќе ја запознаете веднаш сфаќате и зошто. Едноставно ве маѓепсува… Read More

НОВОСТИ И НАСТАНИ

Д-р Душко Михајлоски: Магнетната резонанца 3 Tesla ќе донесе нова ера во дијагностиката

Инвестирањето во најсовремениот апарат за магнетна резонанца 3 Tesla е уште една потврда за определбата на „Аџибадем Систина“ да биде лидер во… Read More

MRI 3 Tesla - Нова ера во дијагностиката

MRI 3 Tesla претставува најсовремен апарат за магнетна резонанца, кој за првпат во…

Радиохирургија на револуционерниот TRILOGY единствено во „Аџибадем Систина“

Радиохирургијата е тип на зрачна терапија со која се третираат тумори, најчесто во…

Language