ACIBADEM HEALTHCARE GROUP
Acibadem е најголемата приватна здравствена групација во Турција, која започна со работа во 1991 година. Групацијата нуди врвна дијагноза и третман со висококвалификуван професионален кадар, најсовремена медицинска технологија, модерна инфраструктура и работа според JCI медицински стандарди.
Групацијата се состои со 16 целосно опремени болници и 11 медицински центри. Со тим од 2,200 лекари, 3,500 медицински сестри и 6,500 помошен персонал, Acibadem е интегрирана здравствена мрежа која нуди услуги надвор од болниците: Acıbadem Project Management дизајнира, гради и подготвува клучни проекти за болници во Турција и надвор од земјата. Acıbadem Insurance обезбедува здравствено и животно осигурување и TPA услуги. Acıbadem Mobile нуди итна медицинска помош. A-Plus нуди услуги за одржување на објекти како што се кетеринг, перење и чистење. Acıbadem Labs овозможува голем спектар на лабораториски услуги од типот на генетика, патологија, како и банка за матични клетки. На крај, Acıbadem University е посветен на едукација и усовршување на медицински кадри во својот медицински факултет.
Денеска Acibadem е референтен здравствен центар за многу комплексни болести кои бараат искуство и третман со најсовремена технологија. Нашите 5 центри за канцер (хирургија, радиотерапија, хемотерапија), 10 центри за срцеви болести (педијатрија, кардиологија и кардиохирургија), 9 центри за ин витро фертилизација (IVF), 5 центри за трансплантација (црн дроб, бубрег, коскена срж), 3 центри за ’рбет и зглобови, 1 центар за спортска медицина, 6 центри за нуклеарна медицина и 3 центри за Да Винчи роботска хирургија се национално и меѓународно познати референтни центри опремени со врвна технологија и високо професионален кадар кои работат во служба на здравјето на пациентите.
Acibadem од јануари 2012 година е дел од втората најголема здравствена групација во светот IHH-International Healthcare Holdings.