Центар за онкологија и радиотерапија

Центарот за онкологија и радиотерапија овозможува најдобар третман на пациентите со канцер, почнувајќи од рано дијагностицирање, хируршко лекување, онколошки и радиотераписки третман до целосна рехабилитација и поддршка во процесот на лекување.

Центарот за онкологија и радиотерапија во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ е опремен со најсовремени апарати. Прецизна и точна дијагноза на канцер се спроведува со PET/CT, CT (128 slice), MRI (1,5 tesla) и најсовремени лабораториски анализи (туморски маркери). Радиотерапијата се изведува преку најмоќниот акцелератор во светот TRILOGY, кој овозможува високи зрачни дози директно на канцерот со максимална заштита на околното здраво ткиво.Најефикасни решенија при лекување на канцерот се добиваат со мултидисциплинарен пристап. Во Центарот за онкологија и радиотерапија функционира онколошки конзилиум од доктори со специјалисти од различни области кои со мултидисциплинарниот пристап заеднички донесуваат решенија во третманот на пациентите со канцер. 

НОВОСТИ И НАСТАНИ

Д-р Душко Михајлоски: Магнетната резонанца 3 Tesla ќе донесе нова ера во дијагностиката

Инвестирањето во најсовремениот апарат за магнетна резонанца 3 Tesla е уште една потврда за определбата на „Аџибадем Систина“ да биде лидер во… Read More

MRI 3 Tesla - Нова ера во дијагностиката

MRI 3 Tesla претставува најсовремен апарат за магнетна резонанца, кој за првпат во…

Радиохирургија на револуционерниот TRILOGY единствено во „Аџибадем Систина“

Радиохирургијата е тип на зрачна терапија со која се третираат тумори, најчесто во…

СВЕДОШТВА

Човечноста е заштитен знак за „Аџибадем Систина“

Извор: Hello Magazin Сите ја обожаваат, ѝ се восхитуваат и ја сакаат. Но, кога лично ќе ја запознаете веднаш сфаќате и зошто. Едноставно ве маѓепсува… Read More

Language