Најсовремениот дерматоскоп во светот Mole Max HD PRO единствено во „Аџибадем Систина“

Дали ги проверивте вашите бенки, после изложување на сонце? Ризикот од меланом се зголемува по штетното влијание на сончевите зраци. Mole Max HD PRO e последна генерација на дерматоскопи во светот, со кој рано се дијагностицира карциномот на кожа. Овој најсовремен апарат, овозможува со едно снимање да се скенира целото тело, со што во исто време прецизно се следат повеќе пигментни промени на телото.

По снимањето современиот софтвер на Mole Max HD PRO дерматоскопот, компјутерски го одредува ризикот на секоја пигментација. Доколку бенката е со висок ризик може навреме да се отстрани, пред да премине во канцер, со што ќе се превенира карциномот на кожата. Апаратот според резултатите од проценката одредува кога треба да се направи следниот преглед. Сите податоци на пациентот се сместени во посебни фајлови, што овозможува споредба на секој преглед. Mole Max HD PRO дерматоскопот, кој го користат врвните дерматолошки центри во светот, во регионот е достапен ексклузивно во „Аџибадем Систина“.

За важноста од превентивни прегледи за карцином на кожата во Македонија, најдобро зборуваат статистиките. Нашата земја е на самиот врв во Европа, по бројот на нови случаи годишно. Според бројот на новорегистрирани случаи, канцерот на кожа е еден од најчестите канцери во светот.

НОВОСТИ И НАСТАНИ

Д-р Душко Михајлоски: Магнетната резонанца 3 Tesla ќе донесе нова ера во дијагностиката

Инвестирањето во најсовремениот апарат за магнетна резонанца 3 Tesla е уште една потврда за определбата на „Аџибадем Систина“ да биде лидер во… Read More

MRI 3 Tesla - Нова ера во дијагностиката

MRI 3 Tesla претставува најсовремен апарат за магнетна резонанца, кој за првпат во…

Радиохирургија на револуционерниот TRILOGY единствено во „Аџибадем Систина“

Радиохирургијата е тип на зрачна терапија со која се третираат тумори, најчесто во…

СВЕДОШТВА

Човечноста е заштитен знак за „Аџибадем Систина“

Извор: Hello Magazin Сите ја обожаваат, ѝ се восхитуваат и ја сакаат. Но, кога лично ќе ја запознаете веднаш сфаќате и зошто. Едноставно ве маѓепсува… Read More

Language