Без операција ќе се лекуваат тумори на мозок

Co радиохирургијата ce уништува ДНА на туморот со што клетките на туморот не може повеќе да се шират и да се развиваат. Овој тип радиотерапија најчесто се користи во третман на тумори во мозокот и е единствена терапија за третман на тумори на недостапни места во мозокот и не може да се отстранат со хируршка интервенција, вели д-р Петрова.

 

Првпат во земјава во Клиничката болница „Аџибадем Систина" во Скопје ќе може да се третираат пациенти со тумори на мозок, кои се на недостапни места и кај кои не може да се спроведе хируршко лекување, a со помош на софистицираната технологија вградена во линеарниот акцелератор TRILOGY. Досега за ваков тип третман пациентите беа препраќани на лекување надвор од земјата.

Клетките на туморот не се развиваат

Клиничката болница „Аџибадем Систина" е единствена болница во Македонија која има можност за стереотактична радиохирургија. Д-р Дева Петрова, онколог-радиотерапевт во оваа установа, појаснува што претставува овој тип радиохирургија.

Стереотактичната радиохирургија е тип радиотерапија, која е многу моќна и прецизна. Наместо повеќепати со ниски дози, во радиохирургијата туморот се третира со една фракција со висока доза зрачење.

Co радиохирургијата се уништува ДНА на туморот со што клетките на туморот не може повеќе да се шират и да се развиваат. Овој тип радиотерапија најчесто се користи во третман на тумори во мозокот. Претставува единствена терапија за третман на тумори на недостапни места во мозокот и не може да се отстранат со хируршка интервенција. Co неа се третираат мали тумори во мозокот кои се помали од 3 сантиметри. Радиохирургијата е алтернатива на класичната хирургија. Освен тумори на мозокот, може да се третираат и тумори на други места во телото вели д-р Петрова.

Таа појаснува дека туморот во мозокот се третира најчесто со една или со повеќе фракции, во зависност од локализацијата и големината на туморот.

Затоа даваме голема доза радијација, со максимална заштита на околните, здрави органи. За да се спроведе ваков третман потребна е професионалност и подготвеност на тимот онколози и радиотерапевти и медицински физичари. Се обезбедува прецизно и фокусирано зрачење во лекување тумори во мозокот нагласува д-р Петрова.

Во кои случаи се користи радиохирургија

Лекарот одредува кај кој пациент може да се спроведе радиохирургија, а оваа одлука зависи од типот, големината и локализацијата на туморот што треба да се третира.

Радиохирургијата се користи и во третманот на тумори во мозокот што се на недостапни места или кои не можат хируршки да се лекуваат, како и во третман на некои бенигни промени во мозокот како што се артериовенски малформации. Резултатите кои се постигнуваат со овој третман се идентични со резултатите од неврохируршкиот третман. Co оваа технологија може да се третираат мали тумори со еднократно зрачење со високи дози. Здравите ткива се заштитени на највисоко ниво од несаканите ефекти на радијацијата. Пациентот доаѓа, ја прима еднократната терапија и по третманот може да продолжи со нормалните секојдневни активности. Според светските статистики, радиохирургијата на TRILOGY има голем успех во лекувањето на пациенти третирани со оваа метода додава д-р Петрова.

Третманот трае неколку минути

Подготовката за третманот е иста како кај вообичаената радиотерапија. За да може да се спроведе третманот, се имобилизира главата на пациентот со термопластична маска, со што се обезбедува фиксна позиција за време на третманот. Во исто време се прави преттретманска компјутерска томографија на главата и обележување на локализацијата од интерес.

Се прави компјутерски план за радиохирургија, кој содржи определување на влезните точки на зрачниот сноп, оптимизирање на потребната доза во таа локализација, пресметување на зрачната доза во здравите органи кои се наоѓаат во близина на локализацијата која е цел на радиохирургија, верифинација на направен зрачен план пред третман, верификација на реалната позиција на пациентот и извршување на радиохирургија.

За време на третманот акцелераторот TRILOGY ротира околу пациентот испорачувајќи високи дози зрачење во областа што е претходно точно обележана од тимот специјалисти, кој вклучува радиолог, онколог и неврохирург.

Третманот трае неколку минути, заедно со подготовката на пациентот не повеќе од 30 минути.

Предноста на радиохирургијата е тоа што нема постоперативен период на присоединување, нема особени подготовки и медицински испитувања како за пред класичен оперативен зафат.

НОВОСТИ И НАСТАНИ

Д-р Душко Михајлоски: Магнетната резонанца 3 Tesla ќе донесе нова ера во дијагностиката

Инвестирањето во најсовремениот апарат за магнетна резонанца 3 Tesla е уште една потврда за определбата на „Аџибадем Систина“ да биде лидер во… Read More

MRI 3 Tesla - Нова ера во дијагностиката

MRI 3 Tesla претставува најсовремен апарат за магнетна резонанца, кој за првпат во…

Радиохирургија на револуционерниот TRILOGY единствено во „Аџибадем Систина“

Радиохирургијата е тип на зрачна терапија со која се третираат тумори, најчесто во…

СВЕДОШТВА

Човечноста е заштитен знак за „Аџибадем Систина“

Извор: Hello Magazin Сите ја обожаваат, ѝ се восхитуваат и ја сакаат. Но, кога лично ќе ја запознаете веднаш сфаќате и зошто. Едноставно ве маѓепсува… Read More

Language