Вежбањето го намалува ризикот за рецидив кај пациентките со карцином на дојка

Редовното вежбање ги намалува негативните ефекти од третманот како што се заморот и депресијата и го намалува ризикот за повторно појавување на болеста. Голем број научни истражувања укажуваат дека пациентите дијагностицирани и лекувани од канцер треба секоја недела да применуваат 150 минути умерени вежби, вежби за истегнување или пак 75 минути интензивна физичка активност.

 

Физичката активност и умерените вежби имаат значајна улога во подобрување на квалитетот на пациентките кои го победиле карциномот на дојка. Вежбите го намалуваат нивото на инсулинот и на ИГФ -1 чии зголемени вредности се поврзуваат со ризик за појава на карцином на дојка. Уште една позитивна страна на практикувањето  вежби по третманот на карцином на дојка докажани со научни испитувања е фактот што жените кои вежбаат имаат поголеми шанси за враќање на нормалната тежина и намалување на масното ткиво. Прекумерната тежина се смета за ризик фактор за појава на рецидив на карциномот на дојка. Важен бенефит од вежбањето, по борбата со карциномот на дојки е и фактот што на тој начин се намалува болката во зглобовите која е резултат на хормонската терапија која одредени жени ја земаат по операцијата на дојката со цел да се намалат шансите за повторување на болеста. Голем број на жени токму поради болката во зглобовите знаат да ја прекинат оваа терапија.

Наметнувањето на ваков начин на живот кај пациентките кои го победиле карциномот на дојка има големи шанси за намалување на ризикот од повторно појавување на болеста.

СВЕДОШТВА

Човечноста е заштитен знак за „Аџибадем Систина“

Извор: Hello Magazin Сите ја обожаваат, ѝ се восхитуваат и ја сакаат. Но, кога лично ќе ја запознаете веднаш сфаќате и зошто. Едноставно ве маѓепсува… Read More

НОВОСТИ И НАСТАНИ

Д-р Душко Михајлоски: Магнетната резонанца 3 Tesla ќе донесе нова ера во дијагностиката

Инвестирањето во најсовремениот апарат за магнетна резонанца 3 Tesla е уште една потврда за определбата на „Аџибадем Систина“ да биде лидер во… Read More

MRI 3 Tesla - Нова ера во дијагностиката

MRI 3 Tesla претставува најсовремен апарат за магнетна резонанца, кој за првпат во…

Радиохирургија на револуционерниот TRILOGY единствено во „Аџибадем Систина“

Радиохирургијата е тип на зрачна терапија со која се третираат тумори, најчесто во…

Language