Пациентите прашуваат: Што треба да правам по завршувањето на третманот?

Одговор:За време на целиот процес на дијагноза и третман ќе бидете следен од страна на вашиот лекар кој е одговорен за вашето здравје. Тој внимателно ќе ја следи вашата состојба по завршувањето со третманот. Во зависност од резултатите и одговорот на терапијата, ќе ви даде план за следење на вашата состојба.

Она што е најважно во целосниот план за следење на вашата состојба е да се идентификуваат и регистрираат сите состојби кои би можеле да бидат потенцијален ризик фактор за повторување на болеста. Важна е идентификацијата и справување со долгорочните несакани ефекти од третманот. Вашиот лекар ќе подготви целосен план за водење на животот по канцер со вклучени совети за здрав начин на живот, здрава храна вежбање и откажување на цигарите. Неизбежна е и програма за редовни превентивни и контролни прегледи. Во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ постои програма за поддршка на болните од канцер. Покрај советите и препораките од онкологот, ви нудиме план за целосна психолошка поддршка и совети за полесно надминување на изминатиот период и полесно соочување со животните предизвици. На располагање ви е и нутриционист-диетолог кој ќе ви даде стручни совети за исхрана која треба да ја практикувате.

Мултидисциплинарниот пристап во спроведување на планот за следење на вашата состојба по третманот со канцер е од суштинско значење. Овозможува професионална поддршка од страна на специјалисти од различни области се со цел да го подобри квалитетот на живот и да ги сведе на минимум шансите за можна појава на рецидив на болеста.

Доколку имате прашање на оваа тема, ве молиме пишете ни на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

НОВОСТИ И НАСТАНИ

Д-р Душко Михајлоски: Магнетната резонанца 3 Tesla ќе донесе нова ера во дијагностиката

Инвестирањето во најсовремениот апарат за магнетна резонанца 3 Tesla е уште една потврда за определбата на „Аџибадем Систина“ да биде лидер во… Read More

MRI 3 Tesla - Нова ера во дијагностиката

MRI 3 Tesla претставува најсовремен апарат за магнетна резонанца, кој за првпат во…

Радиохирургија на револуционерниот TRILOGY единствено во „Аџибадем Систина“

Радиохирургијата е тип на зрачна терапија со која се третираат тумори, најчесто во…

СВЕДОШТВА

Човечноста е заштитен знак за „Аџибадем Систина“

Извор: Hello Magazin Сите ја обожаваат, ѝ се восхитуваат и ја сакаат. Но, кога лично ќе ја запознаете веднаш сфаќате и зошто. Едноставно ве маѓепсува… Read More

Language