Мажите кои имаат зголемено ниво на естроген се со поголем ризик за карцином на гради
Најновите истражувања го поврзуваат зголеменото ниво на естроген како можна причина за појава на карцином на гради и кај машката популација. Според новите податоци, ризикот кај овие мажи е зголемен за два ипол пати за разлика од мажите со нормални вредности на естроген.
Истражувањето на Националниот институт за канцер во САД опфатило група од 101 маж дијагностицирани со карцином на гради кај кои било споредено нивото на естроген со нивото на естроген на 217 здрави мажи.
Она што сѐ уште е нејасно е на кој начин зголементо ниво на естроген е тригер за појава на малигни заболувања кај мажите и зошто одредени мажи имаат зголемено ниво на истиот хормон. Во секој случај, заклучоците од истражувањето се чекор понапред во детектирањето на причините за појава на карцином на гради кај машката популација.
И покрај тоа што карциномот на гради кај мажите се јавува значително помалку во однос на женската популација, сепак, тие треба да бидат свесни за оваа болест и да прават редовни самопрегледи. Секоја промена на градите да се сфати сериозно и да се отиде на лекар.
Одредени варијации на нивото на естроген кај мажите може да се јави како резултат на зголемена телесна тежина. Овој факт е уште една добра причина зошто е важно да ја контролирате телесната тежина