Што треба да знаете за карциномот на грло

Карциномот на гркланот сочинува 1-2% од сите карциноми, или кај 2-10 случаи на 100. 000 жители. Од овој тип карцином мажите заболуваат 4-10 пати почесто отколку жените. Според д-р Љирим Демири, оториноларинголог, најчесто се јавува по педесеттата година од животот, а најголем ризик фактор за негова појава е пушењето. Кај пушачите ризикот од појава на овој тип карцином е 5-25 пати поголем. Консумирањето алкохолни пијалаци, особено ако е комбинирано со пушење, го зголемува ризикот од појава на ова заболување и до 40 пати. Како ризик фактори се споменуваат и гастроезофагеалниот рефлукс, иритацијата со хемикалии, азбест и сл.

Прв симптом, засипнатост

Туморот најчесто се наоѓа на гласилките и првите знаци се менување на квалитетот на гласот и засипнатост. Доколку засипнатоста трае повеќе од 2 недели, се препорачува веднаш да се консултирате со доктор за уво, нос и грло. Други симптоми се болка во грлото и ушите, а кај понапредните случаи може да се забележи отежнато дишење, болка при голтање, како и крвава плунка. Ако канцерот се прошири во лимфните јазли, се јавува оток на вратот.

Дијагноза

Дијагнозата на карцином на гркланот ја поставува оториноларинголог врз база на повеќе дијагностички постапки. Најпрво низ разговор со пациентот за симптомите кои ги има и периодот кога тие се појавиле, лекарот добива важни податоци за болеста на пациентот (анамнеза). Клиничкиот преглед подразбира низа дијагностички постапки, како преглед на грлото (орофарингоскопија), преглед на гркланот и гласните жици со ригиден или флексибилен ендоскоп (ларингоскопија), палпација на вратот и радиолошки иследувања на вратот (ултразвук, компјутеризирана томографија и магнетна резонанца).

Доколку постои сомнение за појава на карцином на гркланот, кај пациентот се препорачува директна ларингоскопија со видеоларингоскоп или оперативен микроскоп, во краткотрајна анестезија и биопсија поради хистопатолошка дијагноза на промената. Во зависност од резултатите на хистолошката анализа, се советува пациентот за понатамошен третман.

Хируршко лекување и радиотерапија

Во третманот на карциномите на ларинксот постојат два тераписки приоди: оперативен третман и радиотерапија. Хемотерапијата се употребува најчесто како надополнување на оперативното и лекувањето со радиотерапија. Типот и обемот на оперативниот третман зависи од позицијата и големината на карциномот, како и од проширеноста на болеста. Зависно од големината на туморот и локализацијата оперативните зафати може да бидат функционални, кога се отстранува само туморот со дел од гласилката или цела гласилка (chordectomia). Постојат и функционални ларингектомии кај кој се отстранува туморот и дел од гркланот (парцијални хоризонтални и вертикални ларингектомии).

Ако туморот е голем и доцна е откриен, потребно е да се отстрани целиот грклан (тотална ларингектомија). Потребно е да се нагласи дека кај повеќето хируршки интервенции заради обезбедување на дишењето потребно е да се креира привремена или трајна трахеостома, отвор на вратот и дишникот низ кој пациентот ќе може да дише постоперативно. Доколку постојат и метастази во лимфните јазли на вратот, потребно е да се направи и селективна или радикална дисекција на вратот и да се отстранат лимфните јазли на едната или двете страни на вратот. По оперативниот зафат следи онколошки преглед и проценка за понатамошното лекување (радиотерапија, хемотерапија). Понекогаш туморот може да биде толку голем да не дозволува оперативен третман и во тие случаи единствен начин на лекување е зрачна терапија и хемотерапија.

СВЕДОШТВА

Човечноста е заштитен знак за „Аџибадем Систина“

Извор: Hello Magazin Сите ја обожаваат, ѝ се восхитуваат и ја сакаат. Но, кога лично ќе ја запознаете веднаш сфаќате и зошто. Едноставно ве маѓепсува… Read More

НОВОСТИ И НАСТАНИ

Д-р Душко Михајлоски: Магнетната резонанца 3 Tesla ќе донесе нова ера во дијагностиката

Инвестирањето во најсовремениот апарат за магнетна резонанца 3 Tesla е уште една потврда за определбата на „Аџибадем Систина“ да биде лидер во… Read More

MRI 3 Tesla - Нова ера во дијагностиката

MRI 3 Tesla претставува најсовремен апарат за магнетна резонанца, кој за првпат во…

Радиохирургија на револуционерниот TRILOGY единствено во „Аџибадем Систина“

Радиохирургијата е тип на зрачна терапија со која се третираат тумори, најчесто во…

Language