Живот со канцер

„Канцер“ за многу пациенти е најстрашниот збор во медицината. По емоционалниот шок од дијагнозата, пациентите имаат потреба да научат како да живеат и да се борат со канцерот. Д-р Дева Петрова, онколог, објаснува како да живеете со канцерот.

Хранете се здраво за време на третманот

Хемотерапијата, зрачната терапија и другите третмани за канцер може да влијаат на вашето тело. Затоа, здравата исхрана може да ви помогне да се чувствувате подобро и да закрепнете побрзо. „За време на третманот со канцер важно е да се избегнуваат екстремни диети, кои се сиромашни со сите хранливи материи. Наместо тоа фокусирајте се на балансирана исхрана“, објаснува д-р Петрова, која додава дека на менито треба да се најдат следниве намирници:

  • Леб, печива и житни култури од цело зрно
  • 100% овошни сокови
  • Пола од вашата чинија да биде со овошје и зеленчук
  • Грицкајте морков, бадеми, лешници или свежо и сушено овошје
  • Умерено користење на слатка храна бидејќи во тек на третманот може да дојде до зголемување на нивото на шеќер во крвта
  • Умерено користење месо, почесто консумирање риба и морски плодови

Јадете и кога не сте гладни

Губење на апетитот е честа појава за време на третманот со канцер. Како последица на некои третмани може да се случи храната да нема вкус. „И покрај тоа што немате апетит, многу е важно да внесете соодветна исхрана“, објаснува д-р Дева Петрова. Еве што да направите:

  • Изберете храна со висока калоричност, богата со хранливи состојки како авокадо, ореви, грав, семиња и варени житни култури
  • Јадете помали оброци во текот на денот

Не чекајте да огладнете. Наместо тоа јадете во одредени временски периоди.

Суплементи и додатоци во исхраната

Кога ќе решите да земете додатоци во исхраната, прво консултирајте се со вашиот онколог. „Некои билни производи и додатоци во исхраната не треба да се мешаат со терапијата за канцер. Додатоци за исхраната може да се препорачаат кај пациенти кои не внесуваат хранливи материи преку храната. Меѓутоа, и тие треба да бидат препишани од лекарот бидејќи високи дози од овие додатоци може да бидат штетни“, објаснува д-р Петрова. Доколку се храните здраво и внесувате витамини и минерали преку храната, дополнителни суплементи не ви се потребни.

Дали ќе можам да одам на работа за време на третманот?

Одговорот на ова прашање зависи од видот на третманот што го добивате, од типот на канцерот, од општата здравствена состојба, како и од видот на работа. Колку ќе можете да работите најмногу зависи од тоа како се чувствувате за време на третманот. Доколку немате проблеми, можете да продолжите со нормалните активности. „За пациентите кои можат да работат за време на третманот се препорачуваат пумпи за хемотерапија. Пумпите се во мали пластични контејнери кои се носат на појасот. Пумпата е регулирана за хемотерапијата да истече во предвидениот временски период (12 часа, 24 часа...). Сепак, за овие пумпи пациентот мора да има вградено канила, која се вметнува во вена на задниот дел од раката, вратот или градите“, објаснува д-р Петрова.

Дали може да вежбам за време на третманот?

За пациентите со канцер се препорачува да бидат физички активни за време на терапијата. „Вежбањето има позитивно влијание врз телесната тежина, целокупната кондиција, мускулната сила, флексибилноста и квалитетот на живот, како и на симптомите како болка и замор. Интензитетот на вежбите зависи од општата здравствена состојба на пациентот. Најновите медицински препораки се пациентите со канцер да вежбаат јога која има позитивно влијание за време на нивниот третман“, објаснува д-р Дева Петрова.

НОВОСТИ И НАСТАНИ

Д-р Душко Михајлоски: Магнетната резонанца 3 Tesla ќе донесе нова ера во дијагностиката

Инвестирањето во најсовремениот апарат за магнетна резонанца 3 Tesla е уште една потврда за определбата на „Аџибадем Систина“ да биде лидер во… Read More

MRI 3 Tesla - Нова ера во дијагностиката

MRI 3 Tesla претставува најсовремен апарат за магнетна резонанца, кој за првпат во…

Радиохирургија на револуционерниот TRILOGY единствено во „Аџибадем Систина“

Радиохирургијата е тип на зрачна терапија со која се третираат тумори, најчесто во…

СВЕДОШТВА

Човечноста е заштитен знак за „Аџибадем Систина“

Извор: Hello Magazin Сите ја обожаваат, ѝ се восхитуваат и ја сакаат. Но, кога лично ќе ја запознаете веднаш сфаќате и зошто. Едноставно ве маѓепсува… Read More

Language