Најсовремена биолошка терапија во третманот на карцином на дојка
Во Центарот за онкологија и радиотерапија на пациентите им е достапна најсовремена биолошка терапија која делува на ниво на рецепторите на клетките на канцерот. Со помош на биолошката таргет терапија се постигнува уништување на канцерогените клетки преку стопирање на нивната активност и делба со што клетките умираат на природен начин.
Со помош на оваа револуционерна терапија карциномите добиваат хроничен тек бидејќи туморот постои, но не се шири, и со тек на време изумира на природен начин. Биолошките лекови се всушност тип на антитела кои имаат способност да ги препознаат клетките на канцерот и да го стопираат нивниот раст.
Предноста на ваквата терапија е што лековите не ги уништуваат здравите клетки на организмот со што не се нарушува и општата состојба на пациентот. Ваквата терапија е револуционерно откритие во изминативе години со кое се постигнуваат одлични резултати во третманот на одреден вид карциноми. Истражувањата покажуваат дека биолошка терапија има големи резултати во третманот на карцином на дојка бидејќи клетките на овој карцином се осетливи и добро реагираат на таргет терапијата.