Психолошка поддршка на пациентите со канцер

НЕ СТЕ САМИ ВО БОРБАТА СО КАНЦЕР

 Фактот дека имате канцер делува на вашата перцепција и го менува животот. Но, тоа не значи дека треба да се откажате од вашите секојдневни активности.Што е најважно? Правете работи кои ве прават среќни. Голем број истражувања докажуваат дека по дијагностицирањето на канцер, луѓето сфаќаат колку малку време посветиле на работите кои се од суштинско значење за нив. Кога се чувствувате добро, поканете пријател и прошетајте се, прочитајте инспиративна книга ...

Психолошка поддршка за пациентите со канцер

Покрај професионалната медицинска грижа која пациентите ја добиваат  од страна на специјалистите, од големо значење е психолошката поддршка. Центарот за онкологија и радиотерапија нуди можност за целосна психолошка и емоционална поддршка за оваа група пациенти. Во моментите кога единствено нешто што чувствувате е страв и неизвесниот, секогаш помислете на нашата стручна помош. Можете да разговарате отворено за сите ваши стравови и потешкотии при справувањето со новонастанатата состојба.

Во нашиот Центар за канцер имате можност за индивидуални психолошки сесии со клинички психијатар, а доколку сакате може за време на разговорот да бидете придружувани од вашиот партнер или пријател. Нудиме психолошка поддршка и за членовите на семејството кои се соочуваат со проблем при прифаќањето на болеста. Доколку сакате да разговарате со други пациенти кои се соочуваат со канцер, доколку сакате да го споделите вашето, но и да чуете друго искуство, постои можност за формирање работни сеанси во групи. Нашата цел е да бидеме ваш сојузник во борбата со канцерот. Да му покажеме на светот дека заедно можеме да постигнеме успешни резултати во третманот на болеста.

Помош преку стручна поддршка

Психолошката поддршка може да го подобри квалитетот на живеење на пациентите со бришење на нивните стравови и вознемиреност. На тој начин пациентите се поспособни да се справат со својата болест и подобро да се заштитат од поголемо психолошко нарушување во иднина. Умот и телото се во постојана комуникација. Позитивната психологија позитивно влијае врз телото. На пример, ако страдате од главоболка кога сте тажни, таа болка ја чувствувате посилно отколку кога сте среќни. Позитивното размислување го поддржува имунолошкиот систем. Меѓутоа, оваа ситуација не би требало да се смета како случај на „Не треба никогаш да се чувствувам лошо; Не треба да мислам ништо лошо“. Може да има моменти кога секој се чувствува нерасположено, со или без причина. Никој не може постојано да биде многу среќен, безгрижен, весел, енергичен итн.  Она што е најважно е дека треба да се направат напори таквите состојби да се сведат на минимум. Пациентите со канцер мора да се трудат да живеат како претходно, дури и да воведуваат нови содржини, освен во одредени случаи кога имаат добиени поинакви совети од докторот. Новите содржини се однесуваат на посета на нови места, практикување ново хоби, запознавање нови луѓе...

Сепак, канцерот не делува само во негативна смисла кај пациентите. Во борбата со канцерот, иако можеби ни самите не се свесни, пациентите учат да бидат посилни. Оние кои се успешно излекувани можат да живеат поквалитетен живот.  

 

НОВОСТИ И НАСТАНИ

Д-р Душко Михајлоски: Магнетната резонанца 3 Tesla ќе донесе нова ера во дијагностиката

Инвестирањето во најсовремениот апарат за магнетна резонанца 3 Tesla е уште една потврда за определбата на „Аџибадем Систина“ да биде лидер во… Read More

MRI 3 Tesla - Нова ера во дијагностиката

MRI 3 Tesla претставува најсовремен апарат за магнетна резонанца, кој за првпат во…

Радиохирургија на револуционерниот TRILOGY единствено во „Аџибадем Систина“

Радиохирургијата е тип на зрачна терапија со која се третираат тумори, најчесто во…

СВЕДОШТВА

Човечноста е заштитен знак за „Аџибадем Систина“

Извор: Hello Magazin Сите ја обожаваат, ѝ се восхитуваат и ја сакаат. Но, кога лично ќе ја запознаете веднаш сфаќате и зошто. Едноставно ве маѓепсува… Read More

Language