Извор: Hello Magazin

Сите ја обожаваат, ѝ се восхитуваат и ја сакаат. Но, кога лично ќе ја запознаете веднаш сфаќате и зошто. Едноставно ве маѓепсува со својата посебна харизма. Ве воодушевува со секој свој збор, со секоја своја шега, со својата позитивна енергија. Но, сето тоа ви станува неверојатно кога за момент ќе сфатите дека веќе со години води битка со најтешката болест. Болест која можеби го напаѓа нејзиното телото, но недопрени остануваат нејзината душа и харизма. Тоа ве поттикнува уште подлабоко да навлезете во нејзиното срце, да го најдете суштинскиот одговор за животот, да научите зошто треба да се борите, да живеете и да не се предавате. Тоа е Исидора Бјелица. Личност која несебично се бори, преку своите книги, да им помогне на луѓето, да им ја врати насмевката на лицата и волјата за живот. Таа е пример дека не треба да се откажуваме туку да се исправиме и повторно да се бориме. Пред почетокот на новиот циклус хемотерапија ни раскажа за сите падови и подеми, за болеста, и ја пренесе порака до секој болен од карцином „Не се предавајте, нема неизлечива болест, има само луѓе кои се откажуваат“.

1. Веќе четвртипат се борите со болеста. Што ви беше најтешко во целата оваа борба?

Сè е тешко, од првиот ден. И дијагнозата, операцијата, терапијата, психата и борбата - психичка и физичка. Ремисиите се тешки. Сè е тешко, но човек се навикнува на сè па и на таа тежина и тогаш се бори за секој ден од животот, за секоја насмевка, радост и сончев ден. Сето она што за здравите луѓе е вообичаено и нормално со оваа дијагноза е луксуз.

2. Што научивте од болеста?

Тоа е интересно прашање. Цел живот учам, читам, истражувам... Прочитав илјадници и илјадници книги за животот, смртта, смислата, љубовта, но најмногу научив од болеста. Затоа преку книгите им порачувам на моите читатели да не чекаат да се разболат за да ги научат најважните работи во животот. Учител за животот не е историјата туку болеста. Да го имав овој памет кога бев здрава, многу работи ќе променев. На некој необичен начин нема духовно напредување без страдање, а болеста те учи забрзано, како да живееш 10 животи. Повеќе научив во  овие три години со болеста отколку во претходните години од мојот живот. 

3. Секој пат кога болеста ќе се врати Вие успевате да се издигнете како Феникс. Што ве одржува цело ова време, што ви дава сила да издржите и да се борите?

И јас сум изненадена од  себеси. Ова е за Гинис (се смее). Што ме држи? Моите деца, мојот сопруг, моите читатели, мојата неверојатна желба и волја за животот. Често сакам да се шегувам дека оваа болест ме увери дека не сум нормална зашто нормален човек одамна ќе се предадеше. Но, не и јас. Како и сите други имам денови кога ќе потонам, но тогаш ќе ги видам моите деца, мојата Вила и Лав, и знам дека нема паѓање и предавање. Се сеќавам, многу одамна бевме на одмор во Сицилија. Еден ден додека пливав имаше страшно огромни бранови и никако не можев да излезам од вода. Околу мене луѓето се давеа од силните удари на брановите. Тогаш реков ’в ред, само господ знае дали денеска ми е пишано да умрам, мое е да направам сè за да преживеам’. Земав воздух, ги затворив очите и со натчовечка сила почнав да  трчам кон плажата низ тешката вода и огромните бранови. Цело време си мислев, ако земам воздух готова сум, ако отворам очи готова сум, ако престанам да трчам готова сум. Така и денеска, немам каде да одам, па затоа трчам кон копното и го молам бог да ми даде уште време.

4. Книгата „Сама“ содржи моќна порака. Зошто е потребно да го изгубиме здравјето за да сфатиме колку сме среќни?

Ова не важи за сите, има паметни луѓе кои не мора да се разболат од најтешката болест за да сфатат што е среќа и љубов. Но, се надевам дека оваа книга ќе им помогне на многумина кои мислат дека се осамени, несреќни, депресивни за да сфатат што е животот и колку тој е убав и да не мораат да го поминат овој тежок како мене.

5. Кога е канцерот во прашање тогаш сите пациенти единствено надеж гледаат во алтернативната медицина. Кој е вашиот став, дали Вие верувате во современата медицина?

Да ви кажам дека сигурно сум единствената личност која испробала сè, а најмногу алтернативни методи. Се подготвувам и да напишам сценарио, и тоа за комедија, за сè што сум поминала, и тоа е трагикомично. Секој ден доаѓаше по некој човек со алтернативен лек и наивните луѓе како мене сето тоа го пробуваат и плаќаат. Не велам дека алтернативната медицина нема своја функција. Има многу важна улога, но пред сè како нешто што ја следи официјалната алопатска медицина. Но, секој човек е посебна приказна, тоа што е добро за Жика не вреди за Мика. Стив Џобс прерано умре бидејќи се посвети целосно на алтернативата. Ова е тешка болест и мора да се нападне со сите оружја, но примарно лекувањето мора да биде водено од онколошки тим, во современи клиники. Можеби навистина морковот и доматот и разни тинктури и биоенергетичари, квантни методи и психотерапии можат некого да го излекуваат, но во мојот случај тоа не се случи. Да не одев на хемотерапија, досега ќе умрев. Алтернативата, сепак, ми помогна да заздравам од сите тие тешки терапии. Верувам во синергија на официјалната и алтернативната медицина, но има многу манипулатори кои на луѓето сериозно им го загрозуваат животот раскажувајќи им бајки за магични лекови. И самата бев жртва на такви илузионисти и хохштаплери и тоа двапати го забрза прогресот на болеста. Затоа мој совет е луѓето да не си играат со тоа. 

6. Која е вашата порака за сите пациенти со канцер?

Не се предавајте, нема неизлечива болест, има само луѓе кои се откажуваат. Може да умреш и ако се лизнеш во бањата. Затоа додека дишам имам надеж дека повторно сè ќе биде добро. Но, животот не е она што се случило пред и по болеста, животот е она што го имаме сега и на нас останува како ќе ја потрошиме секоја минута. На љубов, насмевка или кукање.

7. Го прошетавте целиот свет за да најдете лек. Видовте многу болници, на крајот дојдовте во Клиничката болница „Аџибадем Систина“. Зошто се одлучивте да се лекувате тука?

Не знаев дека во Скопје постои една голема болница со сите технички и човечки можности, инаку ќе дојдев многу порано. Просто сум фасцинирана од капацитетот, апаратите и човечноста. Оваа болница не е само најголем балкански центар. Ова е многу подобро и посовремено од повеќето европски клиники. Пред сè благодарение на ПЕТ/КТ апаратот овде можете да добиете најпрецизна дијагноза, а потоа условите за терапија се на светско ниво. Подготовката пред терапија е неверојатна, па пациентот нема нус појави, а што е најважно сè е на едно место и навистина може да се комбинира хемотерапија, биолошка и имунотерапија. И она што е најважно, Клиничката болница „Аџибадем Систина“ ги има најдобрите лекари. По Швајцарија, Флорида, Русија, Парис, Индија, Лондон јас овде сум во најдобри раце, а понатаму сè зависи од тоа какви планови има со мене Господ.

Кога човек ја има оваа болест, односот на лекарите и медицинскиот тим многу се важни. Овде, во „Аџибадем Систина“, навистина на секој чекор наидувате на насмевка, поддршка и разбирање, но и време за вас самите.  Не знам како се одбрани овие луѓе, за сите да бидат љубезни и емпатични, тоа никаде досега го немам сретнато. За мене многу е важно да имам приватност додека сум во болница и да имам човечко разбирање, зашто ако стручноста не е придружена со човечност, пациентот се чувствува лошо.  Неверојатно е дека оваа болница има 1000 вработени и буквално секој вработен со кој сум бил во контакт е срдечен, пристоен, емпатичен и не постои медицинска ароганција и студенило. Ми се случи, на пример, во Париз, Швајцарија па и во Србија  лекарите да се однесуваат како богови кои не се разболуваат. Тука тоа не е случај, овде човечноста и набирањето е заштитен знак на оваа болница. Бидејќи сум писателка и сум хиперчувствителна, мене ми е многу важно како некој ќе ми каже добар ден, како ќе ме погледне додека ми дава терапија и дали за лекарот сум само дијагноза или човечко суштество.

„Кога ќе ме праша некој што ми се случило и низ што поминав му велам да не ме прашува тоа, тоа што било поминало. Прашајте ме што научив за да ви го пренесам, за да не морате и вие да го поминете тоа. Тоа што поминало ни на непријателите не им го посакувам“, со овие зборови ја почна својата приказна 35-годишниот Паскал Краповски. Toj, како и секој млад човек, живеел со „полна брзина“. Сакал да ги достигне професионалните височини, да го вкуси успехот, да се изгради во вистински професионалец. Но, кога на свои 34 години планирал да го прошири своето семејство, животот го предупредил.

Continue Reading

Карцином, збор од кои стравуваме за нашиот живот, исполнети со најмилите сопруг, деца, внуци. Како да се продолжи понатаму со исправена глава, посилна и помоќна. Учителката Садије Ташоши, од изразот на докторите сфатила дека случајно напипаниот чвор на градите, е нешто повеќе од обична циста. „ Да, вие имате карцином на дојка “, биле зборовите кои го промениле нејзиниот живот. Но таа цврсто ја прифатила вистината, подготвена да се соочи со тоа мало чворче, кое се заканувало на нејзиниот живот.

Continue Reading

ЗА ВЕЛИГДЕН ДАВИД ЗАМИНА ДОМА

„Те молам држи ме за рака, заедно да одиме на машината за сила. На таа машина јас ќе добивам сила.“ Со овие зборови не пречека, 5-годишниот Давид Домазетовски, кој се подготвуваше да замине на последниот, 31-ви зрачен третман на акцелераторот Trilogy во Клиничката болница „Аџибадем Систина“.
Ова утро Давид стана три часа порано, за да заврши со терапијата, и по четири месеци лекување во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ се подготвуваше да замине дома во Битола. Со цврсто стегната рака, пристигнавме на Oдделот за радиотерапија. Тој веднаш си ги побара физичарите кои беа одговорни за неговата терапија на Trilogy.
„Каде е Јасин, да ми ја стави маската на Зоро.“ Давид го бараше физичарот кој ја подготви маската која мора да ја носи за прецизност на третманот, и зрачењето започна.
Кога се врати во собата го пречека проф. д-р Јовица Угриновски. Силно се прегрнаа, и Давид му вети дека ќе дојде повторно за заедно да играат фудбал.

Прочитај повеќе

Афродита. П, 58

Сакам да ја изразам својата благодарност до доц. д-р Никола Баџаков, за неговата стручност и професионалност. Во најтешките моменти во мојот живот, во борбата со канцерот, тој ми ја даде најголемата поддршка за да ја победам болеста. Благодарение на неговата компетентност, јас денеска го живеам својот втор живот.

Прочитај повеќе

СВЕДОШТВА

Човечноста е заштитен знак за „Аџибадем Систина“

Извор: Hello Magazin Сите ја обожаваат, ѝ се восхитуваат и ја сакаат. Но, кога лично ќе ја запознаете веднаш сфаќате и зошто. Едноставно ве маѓепсува… Read More

НОВОСТИ И НАСТАНИ

Д-р Душко Михајлоски: Магнетната резонанца 3 Tesla ќе донесе нова ера во дијагностиката

Инвестирањето во најсовремениот апарат за магнетна резонанца 3 Tesla е уште една потврда за определбата на „Аџибадем Систина“ да биде лидер во… Read More

MRI 3 Tesla - Нова ера во дијагностиката

MRI 3 Tesla претставува најсовремен апарат за магнетна резонанца, кој за првпат во…

Радиохирургија на револуционерниот TRILOGY единствено во „Аџибадем Систина“

Радиохирургијата е тип на зрачна терапија со која се третираат тумори, најчесто во…

Language