МОЈОТ ЖИВОТ ПРОДОЛЖИ БЕЗ ГРУТКАТА ВО ГРАДИТЕ

Карцином, збор од кои стравуваме за нашиот живот, исполнети со најмилите сопруг, деца, внуци. Како да се продолжи понатаму со исправена глава, посилна и помоќна. Учителката Садије Ташоши, од изразот на докторите сфатила дека случајно напипаниот чвор на градите, е нешто повеќе од обична циста. „ Да, вие имате карцином на дојка “, биле зборовите кои го промениле нејзиниот живот. Но таа цврсто ја прифатила вистината, подготвена да се соочи со тоа мало чворче, кое се заканувало на нејзиниот живот.

„Кога ми ја соопштија дијагнозата јас бев смирена. Не дозволив да се примети колку бев уплашена. Бев заедно со мојата ќерка која е докторка. Докторот и се обрати и и рече секоја чест твојата мајка е многу смирена“ објаснува Садије.
По соочувањето со вистината, започнала потрагата, кому да го довери своето здравје и својот живот, во кој требаше да ги ужива своите пензионерски денови.
„ Ќерката ме консултираше каде сакам да го продолжам моето лекување и каде да се изведе интервенцијата. Како докторка ме советуваше да дојдам во Клиничката болница „Аџибадем Систина“, каде таа се породи со двете деца. Мене ми се допадна болницата и одлучив да дојдам тука. Слушнавме само убави и пофални зборови за докторот Митко Караѓозов, од ќерката на мојата золва која живее во Македонија. “ – објаснува Садије Ташоли.
Уште на првиот преглед д-р Митко Караѓозов предложил хируршка интервенција. Заради сериозноста на болеста, истата требало да се направи уште следниот ден. Но бидејќи таа е учителка по професија решила прво да ги заврши работните активностите поврзани со училиштето и на 10 јуни дошла за интервенција.
„Д-р Караѓозов, ми влеа доверба и утеха, дека се ќе биде во ред и се ќе се заврши. Своето ветување го исполни. Две години од лекувањето, јас денеска сум повторно истата личност мајка, баба и сакана сопруга, но без таа грутка во моите гради.“
После две години од операцијата Садије повторно функционира нормално, ги обавува секојдневните активности како и претходно. Нов момент во нејзиниот живот се само редовните контроли кои ги прави на секои 6 месеци кај д-р Караѓозов. Покрај редовните контроли, таа внимава и на исхраната и често прави прошетки.
„Мојата порака е дека секоја жена треба да оди редовно на преглед. Јас не одев бидејќи се чувствував добро, се додека не го пронајдов чворот. Особено треба да внимаваат жените на возраст над 55 години иако денес постојано слушаме дека и многу млади заболуваат од карцином на дојка. За да ја надмудрите болеста правете редовен ултразвук или мамографија. Дури и да ви ја соопштат најлошата дијагноза, не се предавајте. Кога ќе кренете раце работите тргнуваат на лошо. Сè што доаѓа мора да се преживее“ – вели учителката Садије.

СВЕДОШТВА

Човечноста е заштитен знак за „Аџибадем Систина“

Извор: Hello Magazin Сите ја обожаваат, ѝ се восхитуваат и ја сакаат. Но, кога лично ќе ја запознаете веднаш сфаќате и зошто. Едноставно ве маѓепсува… Read More

НОВОСТИ И НАСТАНИ

Д-р Душко Михајлоски: Магнетната резонанца 3 Tesla ќе донесе нова ера во дијагностиката

Инвестирањето во најсовремениот апарат за магнетна резонанца 3 Tesla е уште една потврда за определбата на „Аџибадем Систина“ да биде лидер во… Read More

MRI 3 Tesla - Нова ера во дијагностиката

MRI 3 Tesla претставува најсовремен апарат за магнетна резонанца, кој за првпат во…

Радиохирургија на револуционерниот TRILOGY единствено во „Аџибадем Систина“

Радиохирургијата е тип на зрачна терапија со која се третираат тумори, најчесто во…

Language