МУЛТИДИСЦИПЛИНАРЕН ПРИСТАП ВО БОРБАТА СО КАНЦЕР
Во Центарот за онкологија и радиотерапија во „Аџибадем Систина“ пациентите добиваат мултидисциплинарен пристап при донесувањето на одлуката за дијагноза, третман и следење на болеста. Целокупната посветеност кон малигните заболувања претставува сложен процес, затоа од голема важност е интегрирањето на систем кој ќе ја обезбеди најдобрата и најефикасна грижа за пациентот. Предноста од т.н. „tumor councils“ составени од специјалисти од најразлични области од медицината е можноста за проценка на сите аспекти на заболувањето.
ХИРУРГИЈА

Хирургијата игра огромна улога во поставувањето на дијагнозата, како и во третманот на канцерот. Онколошките хируршки интервенции се изведуваат единствено од страна на хирурзи специјализирани во тој домен.
ОНКОЛОГИЈА

Медицинската онкологија опфаќа лекување пациенти со канцер, спроведување превентивни мерки за заштита од канцер, како и следење на пациентите со канцер и методи за рано дијагностицирање.
РАДИОТЕРАПИЈА

Радиолошка онкологија подразбира користење на јонизирачки зраци во третманот на пациентот со канцер, како и истражувања кои се водат на ова поле. Радиолошката онкологија има две области на апликација на третманот,...