Карцином на тестиси

Карциномот на тестиси се појавува во половите жлезди во тестисите. Најчесто се манифестира со отекување или појава на грутка во еден од тестисите што е најчесто безболна, губење на сексуалната активност, појава на крв во ејакулатот и болки во долниот дел од грбот или абдоменот поради симптомите предизвикани од метастазите  на карциномот на тестиси.

Типични симптоми поради кои мажите се јавуваат на лекар се оток или јазол во тестисот кој најчесто е безболен или минимално болен, потоа непријатно чувство или чувство на „затегнатост“ во пределот на тестисите, промена на бојата на кожата на скротумот над тестисите, болна ејакулација и крв во ејакулатот.

Доколку грутката во тестисот е помала или се наоѓа во внатрешниот дел на тестисот, тогаш нема да може да се напипа и нема да покаже никакви симптоми.

Добра вест е тоа што карциномот на тестиси е ретка појава. Лошата вест е тоа што ги напаѓа младите најчесто на возраст од 15 до 40 години. 

Ова заболување најчесто се дијагностицира со ултразвук (речиси 100% прецизна дијагноза), како и одредување на HCG вредностите, алфа фето протеин AFP и лактат дехидрогеназа LDH во крвта. Постојат и испитувања на крвта кои ги нарекуваме „тумор маркери за карцином на тестиси“. Тоа се HCG, AFP, и LDH во крвта. Овие вредности можат да се покажат како негативни кога карциномот е во почетна фаза, затоа се користи ултразвукот.

Причината за ова заболување не е позната, но постојат неколку показатели кои укажуваат на зголемена појава на карцином на тестиси. Станува збор за децата кај кои тестисите не успеале да се спуштат во скротумот (криптохизам) до нивната 3-годишна возраст и Клинфелтеров синдром или вродена хромозомска абнормалност. Забележано е дека овие луѓе се под поголем ризик да заболат од карцином на тестиси.

Секое машко барем еднаш во месецот треба да прави самопреглед на тестисите. Доколку открие каква било неправилност треба да се обрати кај уролог.

Најефикасниот третман е отстранување на тестисот на кој се наоѓа туморот со цел пациентот целосно да биде излекуван и целосно да се отстранат рецидивите на туморот. Оваа процедура се изведува кај пациентите кај кои карциномот сè уште се нема проширено. Доколку карциномот е проширен и на околните лимфни јазли, неопходно е нивно хируршко отстранување. Отстранувањето на едниот од тестисите кај пациентот не може да доведе до импотенција и неплодност бидејќи еден тестис е доволен за нормално полово функционирање. Отстранувањето на околните лимфни јазли може да доведе до намалена ејакулација. Во зависност од видот на туморот пациентите можат да подлежат и на зрачна терапија и хемотерапија за да се спречи ширењето на туморот и напредувањето на болеста. 

НОВОСТИ И НАСТАНИ

Д-р Душко Михајлоски: Магнетната резонанца 3 Tesla ќе донесе нова ера во дијагностиката

Инвестирањето во најсовремениот апарат за магнетна резонанца 3 Tesla е уште една потврда за определбата на „Аџибадем Систина“ да биде лидер во… Read More

MRI 3 Tesla - Нова ера во дијагностиката

MRI 3 Tesla претставува најсовремен апарат за магнетна резонанца, кој за првпат во…

Радиохирургија на револуционерниот TRILOGY единствено во „Аџибадем Систина“

Радиохирургијата е тип на зрачна терапија со која се третираат тумори, најчесто во…

СВЕДОШТВА

Човечноста е заштитен знак за „Аџибадем Систина“

Извор: Hello Magazin Сите ја обожаваат, ѝ се восхитуваат и ја сакаат. Но, кога лично ќе ја запознаете веднаш сфаќате и зошто. Едноставно ве маѓепсува… Read More

Language