Тумор маркерот НЕ4 и СА125 преку ROMA алгоритамот се најновата генерација дијагностички процедури. Покрај тоа што овозможуваат дијагностицирање на карцином на јајчници во почетен стадиум, со нив може да се пресмета и ризикот од карциномот на јајчници. Овие два револуционерни теста за првпат во земјава се воведени во „Аџибадем Систина“. Тумор маркерот НЕ4 има највисока осетливост и специфичност за откривање на карцином на јајчник, особено во првата фаза на болеста, кога пациентката не чувствува симптоми. Во сооднос со маркерот СА125, даваат најпрецизни резултати за присуство на карцином на јајчници или повторување на карциномот.

ROMA тестот го одредува ризикот за развој на карцином на јајчници

Со помош на овој тест може да се предвиди опасноста за развој на карцином на јајчниците. Измерените вредности од серумските концентрации на тумор маркерите СА125 и НЕ4 се клучни во донесувањето одлука за третман на пациентката. Ефектот од пресметувањето на ризикот со помош на ROMA алгоритамот е докажан во повеќе светски клинички студии. Овој тест им помага на докторите да ги класифицираат пациентите во групи со низок или висок ризик за појава и развој на епителните тумори на јајчниците.

Карциномот на јајчници е петтиот најчест канцер кој се јавува кај женската популација. Редовните гинеколошки и ултразвучни прегледи се најдобра превенција бидејќи со откривање во рана фаза, поголема е можноста за целосно излекување.

Кои се ризик фактори?

Тешко е да се одредат ризик факторите кои доведуваат до појава на карцином на јајчникот. Во 5-10% од случаите причина е наследниот фактор. Ризикот се зголемува доколку двајца или повеќе членови во семејството имаат карцином на јајчник, матка, дебело црево или дојка. Зголемен ризик фактор од карцином на јајчници имаат и постари жени кои никогаш не родиле, како и жени кои не можеле да останат бремени поради ендометриоза. Други ризик фактори се пушењето, дебелината, земањето хормонска терапија кај пациентки кои сакаат да забременат.

Симптоми

Карциномот на јајчници не дава никакви симптоми во почетна фаза, па од оваа причина кај две третини од заболените тој се дијагностицира во напреден стадиум. Бидејќи овој карцином нема симптоми, подолг период расте во абдоминалната празнина  без да предизвика одредени симптоми. Меѓутоа, надуеноста во стомакот, карличната и стомачна болка, брзо чувство на заситеност, проблеми со мокрењето, болки при однос, болни менструации, гадење, повраќање се дел од симптомите за оваа болест. Во последниве години се смета дека еден од симптомите на болеста е и драстично слабеење.

Како се дијагностицира?

Карциномот на јајчниците се дијагностицира при гинеколошки преглед. Со помош на ултразвучен преглед, гинекологот може да го дијагностицира туморот во јајчникот, и по одредени карактеристики да одреди дали се работи за малигнен или бенигнен тумор. По гинеколошкиот преглед, доколку постои сомневање за карцином на јајчници, се прават лабораториски тумор маркери. Како дополнителни дијагностички процедури се и компјутерска томографија и магнетна резонанца. Дефинитивната дијагноза се поставува по операција, каде хистопатолошки се испитува сомнителниот материјал и се утврдува типот и стадиумот на болеста, од кои зависи понатамошната терапија.

Лекување и третман

Карциномот на јајчници се лекува. Третманот за карциномот на јајчници е најчесто со хируршка интервенција. Кај пациентки кои се дијагностицирани во ран стадиум од болеста не е потребна друга терапија освен хируршка интервенција. Кај другите, постоперативното лекување продолжува со хемотерапија или доколку се работи за локално напредната болест, лекувањето може да започне со хемотерапија, по што би следел оперативен третман. За пациентите во „Аџибадем Систина“ достапна е нова таргет терапија која делува директно на клетките на карциномот со што се постигнуваат успешни резултати во лекувањето на карциномот на јајчници.

 

НОВОСТИ И НАСТАНИ

Д-р Душко Михајлоски: Магнетната резонанца 3 Tesla ќе донесе нова ера во дијагностиката

Инвестирањето во најсовремениот апарат за магнетна резонанца 3 Tesla е уште една потврда за определбата на „Аџибадем Систина“ да биде лидер во… Read More

MRI 3 Tesla - Нова ера во дијагностиката

MRI 3 Tesla претставува најсовремен апарат за магнетна резонанца, кој за првпат во…

Радиохирургија на револуционерниот TRILOGY единствено во „Аџибадем Систина“

Радиохирургијата е тип на зрачна терапија со која се третираат тумори, најчесто во…

СВЕДОШТВА

Човечноста е заштитен знак за „Аџибадем Систина“

Извор: Hello Magazin Сите ја обожаваат, ѝ се восхитуваат и ја сакаат. Но, кога лично ќе ја запознаете веднаш сфаќате и зошто. Едноставно ве маѓепсува… Read More

Language