Карцином на усните и усната шуплина - орален карцином

Кај мажите овој вид карцином се среќава двапати почесто отколку кај жените. Рана дијагноза може да се постави доколку правите редовни стоматолошки прегледи.

Што претставува?

Карциномот на усните и усната празнина може да се појави на површината на усните, како и во внатрешноста, кај гркланот или крајниците, но најчестите регии каде што се појавува се усните и јазикот. Канцерогените клетки се формираат од слузницата што се наоѓа во усната празнина, јазикот и усните. Овој вид канцер се среќава двапати почесто кај мажите отколку кај жените.

Кои се симптомите?

Во усната празнина се формираат бели и црвени дамки и ранички. Потоа се појавува бела лезија наречена леукоплакија, којашто може да алармира на малигна трансформација. Црвено – белата лезија наречена еритоплакија има поголем ризик од развој на:

• Рани во усната празнина и на усните коишто не се лекуваат.

• Рани кои често крвават.

• Губење на заб без причина.

• Тешкотии при голтање.

• Појава на грутка или канцерогена маса на вратот.

• Болка во увото.

Кои се факторите на ризик?

Кaрциномот може да се појави кај луѓе кои имаат лоши навики за живот. Добро е да се знае дека истиот не се пренесува. Истражувањата покажале дека долу наведените фактори го зголемуваат ризикот од појава на рак:

• Пушењето цигари е една од најголемите причини за појава на орален канцер. Доколку пушите цигари подолг временски период и во голема количина, ризикот се зголемува. Оралниот канцер се појавува кај 90% од пушачите, а ризикот се зголемува доколку пушењето цигари се комбинира со алкохол.

• Алкохол: Карциномот на устата и усната шуплина се појавува почесто кај луѓето кои консумираат алкохол. Ризикот се зголемува пропорционално со зголеменото консумирање алкохол.

• Сончеви зраци: Сончевите зраци освен што претставуваат ризик за карцином на кожа, претставуваат ризик и за карцином на усните. Ризикот се зголемува доколку пушите цигари.

• Доколку постои историја на рак во семејството, лоша исхрана, влошена здравствена состојба и лоши услови за живеење.

• Кај луѓето кои имале карцином на главата и вратот, а при тоа продолжиле да пушат цигари.

• Ризикот се зголемува доколку постојат вилични фрактури, хронични рани предизвикани од лошо изработени протези, особено ако во исто време се пушат цигари.

Како се дијагностицира?

• Како кај сите видови канцер така и кај оралниот карцином раната дијагноза е од исклучителна важност. Само со редовни контроли кај стоматолог можеме навремено да го дијагностицираме оралниот карцином.

• За време на прегледот докторот ја прегледува усната празнина, јазикот, мекото ткиво, усните и доколку има потреба, прави биопсија. Со локална или целосна анестезија се зема примерок и со патохистолошка анализа се утврдува дали има канцерогени клетки. Доколку се утврди присуството на канцерогени клетки, се преземаат мерки за спречување на нивното ширење на другите органи. Поради ова, мора да се направат нови испитувања. Со цел да се направи план за терапија, се прават радиолошки испитувања, како на пример радиографија, компјутерска томографија, магнетна резонанца, ендоскопски прегледи и лабораториски испитувања.

Како се лекува?

• Третманот се планира во консултација со доктор за уво, нос и грло и онколог. Покрај операција, пациентот можеби ќе треба да подлежи на хемотерапија и/или радиотерапија. По третманот, доколку е неопходно, пациентот продолжува на лекување кај пластичен хирург, логопед и нутриционист.

Операција: Операцијата претставува вадење на канцерогеното ткиво и доколку треба да се извади соседното ткиво, треба да се исчистат и лимфните јазли. По интервенцијата може да е потребен третман за болка поради чувствителност за време на јадење. Отокот на мекото ткиво може да трае со недели и во тој период треба да се јаде специјална храна. Тимот лекари по операцијата одлучува дали пациентот ќе продолжи со радиотерапија или хемотерапија.

Радиотерапија: Се применува кај оралниот рак во пределот на устата и грлото со високо-енергетски зраци директно врз канцерогените клетки со цел да го спречат нивното ширење. Дозата на радиотерапија се утврдува според местото и големината на канцерот. Во Центарот за онкологија и радиотерапија во „Аџибадем Систина“ се користат најсовремени уреди за радиотерапија, со чија помош се зголемува ефективноста на терапијата и се минимизираат несаканите ефекти. Најчести несакани ефекти се: сува уста, губење на забите, воспалено грло, крвавење и болка на мекото ткиво, рани во устата коишто тешко се лекуваат, локални инфекции, вкочанетост на зглобовите на вилицата, промени во мирисот и вкусот, мали изгореници на кожата и замор. За време на терапијата треба да се внимава на оралната хигиена на пациентот. За време на целата терапија докторот за уво, нос и грло ви стои на располагање доколку ви треба помош.

Хемотерапија: Исто така, позната како терапија со лекови против канцер, се применува со цел да се спречи ширењето на канцерогените клетки. Во некои случаи се применува заедно со операција и радиотерапија. Лековите кои што се употребуваат за хемотерапија имаат повеќе несакани дејствија. Иако привремено, може да има негативно влијание врз бубрезите и црниот дроб. Поради тоа, хемотерапијата не се препорачува кај луѓето коишто имаат проблеми со црниот дроб и бубрезите. Друго несакано дејство, коешто е привремено, е опаѓањето на коса. По терапијата, косата повторно расте. Најчести несакани симптоми се гадење и повраќање кои можат да бидат придружени со губење на апетитот и изнемоштеност. Пациентите може да се соочат со привремено ослабнување на имунолошкиот систем и со тоа да станат подложни на инфекции. Поради овие причини, третманот мора внимателно да се спроведува.

Како можете да се заштитите?

• Воздржете се од консумирање алкохол и откажете се од цигари.

• Правете редовни прегледи кај стоматолог.

• Лекувајте ги раните во усната празнина кои што се предизвикани од забите или забните протези.

НОВОСТИ И НАСТАНИ

Д-р Душко Михајлоски: Магнетната резонанца 3 Tesla ќе донесе нова ера во дијагностиката

Инвестирањето во најсовремениот апарат за магнетна резонанца 3 Tesla е уште една потврда за определбата на „Аџибадем Систина“ да биде лидер во… Read More

MRI 3 Tesla - Нова ера во дијагностиката

MRI 3 Tesla претставува најсовремен апарат за магнетна резонанца, кој за првпат во…

Радиохирургија на револуционерниот TRILOGY единствено во „Аџибадем Систина“

Радиохирургијата е тип на зрачна терапија со која се третираат тумори, најчесто во…

СВЕДОШТВА

Човечноста е заштитен знак за „Аџибадем Систина“

Извор: Hello Magazin Сите ја обожаваат, ѝ се восхитуваат и ја сакаат. Но, кога лично ќе ја запознаете веднаш сфаќате и зошто. Едноставно ве маѓепсува… Read More

Language