По дијагностицирањето на канцер, се прашувате – како понатаму ? Дали треба да продолжите со вообичаените активности, дали треба да го промените начинот на исхрана и воопшто начинот на живот? Има моменти кога ви е неопходна стручна помош за надминување на стравовите и неизвесноста. Центарот за онкологија и радиотерапија ви нуди целосна поддршка за сите аспекти поврзани со вашето секојдневие.
ПСИХОЛОШКА ПОДДРШКА

Фактот дека имате канцер делува на вашата перцепција и го менува животот. Но, тоа не значи дека треба да се откажате од вашите секојдневни активности.Што е најважно? Правете работи кои ве прават среќни. Прочитај повеќе
КОНТРОЛА НА БОЛКА

Присуството на канцер не значи дека ќе чувствувате интензивна болка и дека истата ќе биде постојано присутна . Секој организам има различен степен на толеранција на болка, различна дијагноза, различен стадиум. Прочитај повеќе
ПАЛИЈАТИВНА НЕГА

ШТО Е КАНЦЕР?

Канцер е општо име за група од 100 заболувања. Заедничко за овие болести е тоа што почнуваат со неконтролирано растење на абнормални клетки кои може да ги нападнат другите ткива и органи.
СИМПТОМИ

Постојат повеќе од 100 различни типови канцер со различни симптоми. Затоа е невозможно да се одреди група на симптоми кои се карактеристични за оваа болест.
ИСХРАНА И КАНЦЕР

Бројни истражувања ја откриваат врската помеѓу исхраната и канцерот. Токму исхраната се смета за примарна причина кај многу видови канцер, како карцином на желудник, дебело црево ...